Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на параклисот | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Плетварско-беловодичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°21′45.1″N 21°41′45.6″E / 41.362528°N 21.696000°E |
| Место | Беловодица |
| Општина | Прилеп |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Георги |
| Осветување | 9 декември 1999 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — параклис во близина на селото Беловодица. Сместен е непосредно покрај магистралниот пат Прилеп-Градско, на местото каде што се исклучува патот кој води кон селото.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Параклисот бил изграден по иницијатива на семејството Гулески од Прилеп, што е наведено во посветата насликана на еден од внатрешните ѕидови. Тој бил осветен на 9 декември 1999 година од страна на протереј-ставрофорот Петре Ристески со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Параклисот има правоаголна основа, изграден е од камени тули и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста е живописана, а меѓу фреските се издвојуваат оние на Исус, Свети Ѓорѓи, Богородица со Исус и Света Петка.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Јужната страна на параклисот
- Внатрешноста со живописот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Параклис „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 2 октомври 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица на Ризницата ?


