Царски двери
Царски двери, свети порти или прекрасни порти – двокрилна врата спроти престолот (пред олтарот) на главниот влез на иконостасот во православните цркви. Царските двери водат до олтарот на храмот и ги симболизираат портите на рајот.
Историја
[уреди | уреди извор]Во древните христијански катакомбни храмови олтарот бил одвоен од останатиот дел од храмот со два симболични столба или посебна преграда. По големиот раскол на христијанската црква (1054 година), олтарната преграда делумно е сочувана на запад (но најчесто е многу ниска бариера пред која се причестува на коленици, или воопшто ја нема), а во православната црква се развила во иконостас, а отворот станал царски двери (свети порти).
Икони на царските врати
[уреди | уреди извор]Како правило на дверите се претставени четворицата евангелисти и Благовештение како симбол на тоа што портите на рајот повторно се отвораат за луѓето. Поретко се претставени и други субјекти. Доколку крилата на дверите се ниски, може да нема никакви слики на нив. Во македонската традиција лево од царските двери е сликата на Богородица, а десно на Христос. Ова правило не е строго во православните цркви. На второ место од десната страна на царските двери се поставува икона на светецот или празникот по кој е осветена црквата.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Царски двери на Ризницата ?