Јоргос Сеферис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сина плакета во Лондон

Јоргос Сеферис (1900, Смирна - 1971, Атина) бил поет, есеист, преведувач, добитник на Нобелова награда за литература. На македонски јазик првпат била преведена неговата поезија во годината кога ја добил всушност Нобеловата награда, а книгоиздателството „Кочо Рацин“ објавило избор од неговиот поетски опус во 1965 година, под наслов „Поделба на заборавот“.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Сеферис бил роден во 1900 година, во Смирна. Татко му бил професор по Меѓународно право на Атинскиот универзитет и поради тоа од својата рана возраст живеел во една повисока духовна средина. Од 1918 до 1925 година студирал право во Париз, а потоа стапил во дипломатија во која служел сè до 1962 година. Умрел во 1971 година во Атина.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Објавил неколку збирки поезија: „Избор“ (1932), „Митска историја“ (1935), „Бродски дневник“ (1940, 1945, 1955), „Дрозд“ (1947), „Три тајни песни“ (1966) и други. Освен тоа, 1944 година објавил и книга есеи. Ги превел делата на Елиот, со кого го поврзува некакво духовно сродство.Но, превел дела и од Јетс, Андре Жид, Валери,Елијар и други.[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Добитник е на Нобелова награда за литература во 1963 година. Тој е поетот којшто во новогрчкиот говор го открил духот на современите европски поетски правци, задржувајќи една подлабока последователност на логика и едно чувство на внатрешен ритам. Неговиот идеен свет бил светот на алегориите на грчкиот род и слободата на човекот. На губењето на суштините му ја спротиставил вербата во едно младо создавање на секаква добродетел и убавина ќе ги донесе традицијата на идеалите кои го хранеле грчкиот човек во текот на вековите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010