Црква „Св. Никола Сирак“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола Сирак
Αγίου Νικολάου Ορφανού
Поглед на црквата од југоисток
40°38′15.92″N 22°57′21.56″E / 40.6377556° СГШ; 22.9559889° ИГД / 40.6377556; 22.9559889Координати: 40°38′15.92″N 22°57′21.56″E / 40.6377556° СГШ; 22.9559889° ИГД / 40.6377556; 22.9559889
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1310 - 1320
Управа
ЕпархијаСолунска
Поглед од запад

Свети Никола Сирак (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου Ορφανού) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Според живописот, цркцата се датира меѓу 1310 и 1320 г. Денес црквата претставува еднособна градба со дрвен покрив и два параклиса. Фреските се сметаат за ремек-дело и се меѓу најцелосно и најдобро зачуваните во Солун. Меѓу другото, на нив е претставен животот на Свети Никола, некои од чудата на Христос, житието на Свети Герасим и други. Капителите се живописани. Фреските се откриени во 1957 - 1960 г. во текот на реконструктивните работи.[1]

Фрески[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ναός Αγίου Νικολάου Ορφανού“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Посетено на 20 мај 2014.
  2. „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
  3. „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 11 јули 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]