Баса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храмот на Аполон

Храмот на Аполон во Баса е археолошки објект во североисточниот дел на Месинија. Се смета дека бил изграден во 5 век п.н.е. Овој објект е првиот грчки објект кој бил вклучен во списокот на УНЕСКО во 1986 година. Храмот е посветен на Аполон Лечителот. Бил изграден од страна на Иктин, архитектот на Храмот на Хефест и Партенонот.