Крф (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крф
Κέρκυρα
Поглед на Крф од новата тврдина
Поглед на Крф од новата тврдина
Знаме на Крф
Знаме
Крф се наоѓа во Грција
Крф
Координати: 39°37′ СГШ 19°55′ ИГД / 
Земја Грција
Област Јонски Острови
Округ Крф
Општина Крф
 • Општ. един. 41.905 км2
Најг. вис. 10 м
Најм. вис. 0 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един. 39.674
 • Општ. един. густина 950/km2
Заедница
 • Население 32095
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 491 xx
Повик. бр. 26610
Рег. таб. ΚΥ
Мреж. место www.corfu.gr

Крф (грчки: Κέρκυρα — Керкира) – град и административен центар на округот Крв како и на Јонските Острови. Градот се наоѓа на истоимениот остров на крајниот северозападен дел на Грција.

Градот Крф заради својата убавина, старост и зачуваност е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.

Поглед на градот со кулата на црквата Св. Спиридон
Градската тврдина
Ахилеон - градина
Зграда на „Академијата“

Етимологија[уреди | уреди извор]

Спрема грчката митологија, градот и островот го добиле името по ќерката на речниот бог Асоп, нимфата Керкира која ја грабнал Посејдон. Во Хомеровата Одисеја, Одисеј овде нашол прибежиште на крајот на своите лутања. Тука бил дочекан од кралот Алкино и неговата ќерка Наусикаја.

Друга и веројатно поточна претпоставка за потеклото на името е врзана за значењето на името на грчки јазик, што значи „гребен полн врвови“.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Крф се наоѓа на источниот брег на островот Крф, на мал полуостров меѓу два мали залива. Спроти него, 15 км источно на копното грчко-албанската граница излегува на море. Градот се развил околу каменита стена каде што денес се наоѓа градската тврдина, додека северно и јужно од градот се протегаат приградските населби со многу убави плажи.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата на Крф е средоземна со топли и суви лета и благи и дождливи зими. За разлика од егејскиот дел на Грција, на островот и на целиот запад на земјата има повеќе дождови, па градот и неговата околина се секогаш зелени. Во околината доминираат овоштарници од маслинки и агруми.

Историја[уреди | уреди извор]

Крф е отцепен од копното пред околу 9 000 години со зголемување на нивото на морето. Ловците и собирачите го населиле островот во неолитот, а во бронзеното доба, островот е повторно населен.

Грчките населеници од Еритреја во 8 век п.н.е. го основале првиот град на островот и го нарекле по нивната божица Керкира. Кон крајот на 7 век п.н.е. колонистите од Коринт ја презеле власта над островот. Во една голема морска битка, на Керкира ѝ успеало да се ослободи од превласта на Коринќаните. Керкира станала морска сила, била втора флота на античка Грција. Историчарот Тукидид смета дека една од главните причини за избивање на Пелопонеската војна бил судирот меѓу Крф и Коринт заради градот Епидамнос како и сојузот на Атина со Крф. Во 4 век п.н.е. Крфјаните покажале претензии и на територии на копното. Под своја власт своевремено ги држеле Бутринт и полисот Хаонес.

Во хелинистичкото доба (од 300 г.п.н.е.) на независноста на Крф ѝ се заканила опасност, островот и градот ги напаѓале пљачкаши од Сиракуза. Ги поддржале македонски кралеви кои ги следеле илирските пирати. Островот го користеле за пљачкање на римските трговски бродови.

Следните промени се случиле во текот на војната на Римјаните против илирската кралица Теута. Подоцна Крф станува дел од римската провинција Македонија, а во времето на царот Августин ѝ е доделен на провинцијата Епирус. Во 3 век Крфјаните го примиле христијанството со посредство на Свети Јасон и Свети Сосипатер.

Од 395 година, со поделбата на Римското Царство, Крф му припаднал на Источното Римско Царство. Островот го освојувале Сарацените, а во 11 век го освоил норманскиот херцег Роберт Гвискар. Во текот на IV крстоносна војна, после 1204 година, Крф паднал под власт на епирските деспоти, во 1267 година го освојува Наполитанското Кралство, а во 14 век го преземаат Венецијанците. На островот влијанијата на западно-феудалната култура и домашната грчко-православна традиција се спојуваат во една самостојна култура.

Од 16 до 18 век, историјата на Крф се врзува со постојаните војувања против Турците. Венецијанците наредиле отстранување на многу лозја и на нивно место одгледување на маслинки. По падот на Венецијанската Република, Франција под Наполеон Бонапарт, ги презела сите јонски острови под своја власт во 1797 година. Кратко време, од 1798 до 1807 година, Крф бил руски протекторат, а потоа повторно се враќа под француска власт сè до 1814 година.

Во 1815 година Крф е прогласен за дел од Републиката Јонски Острови под англиски протекторат. Во британско време на островот е изграден голем дел од современата инфраструктура, како пе е 700 км улична мрежа која се вбројува меѓу најгустите во цела Грција. На 21 мај 1864 година Крф е прогласен за дел од современа Грција. Во текот на Првата светска војна Крф бил седиште на српската влада во прогонство, а во 1917 година тука е потпишан Крфскиот пакт со кој е заклучено формирањето на Југославија. Во Втората светска војна, Крф бил тешко бомбардиран од Италијанците, а потоа и од Германците и притоа е делумно уништен.

Население[уреди | уреди извор]

Општината Крф денес има околу 40 000 жители, од кои околу 75% живеат во градот. Жителите главно се етнички Грци, но има и доселеници (туристи и работници во туризмот). Бројот на жители особено нараснува во лето кога масовно доаѓаат туристите.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Денес Крф е прав туристички град. Посебна атракција на градот е зачуваното старо градско јадро кое денес е под заштита на УНЕСКО. Тука е и старата, добро сочувана тврдина од венециско време. На периферијата на градот и во неговите предградија се наоѓаат поголемите хотелски комплекси со големи и убави плажи. Туризмот го насочи и традиционалното занаетчиство кон производство на сувенири, а поморството кон превоз на туристи.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Најголема знаменитоста на градот и на целиот остров е стариот град со тврдината. Градот е мешавина на влијанијата на Исток и Запад и е еден од исклучително добро зачуваните стари градови во овој дел на Европа. Заради сето тоа тој е вклучен во списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Од страната на морето, во стариот град доминира огромна тврдина, дел од некогашното многу поголемо утврдување кое Венецијанците го подигнале за одбрана од Турците и пиратите. Поголемиот дел од оваа тврдина бил тргнат од Британците во првата половина на 19 век. Стариот град има типична градска матрица особено за градовите од Средоземјето. Градот се состои од кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Тука постојата дури 37 цркви, од кои најпознати се црквата Св. Спиридон (заштитникот на градот) и Катедралниот храм посветен на Богородица. Тука се наоѓаат и гимназијата, театарот, библиотеката, зградата на универзитетот (т.н. „Академија“), седиштето на архиепископот.

Посебност на градот Крф се и бројните згради во неокласицистички дух градени за време на британската власт, но и после тоа под влијание на претходното раздобје.

Панорам на стариот град

Галерија[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Крф е збратимен со:[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]