Свештеник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Свештеник или клерик[1] – лице што врши религиозни обреди, свештено лице.[2]

Во православната и католичката црква, свештеник е и чин во црквената ерархија меѓу ѓакон и епископ (бискуп).

Етимологија[уреди | уреди извор]

Како и кај зборот вештерка, тоа се луѓе со посебни вештини. Светлоносци, застапници и молитвеници пред Бога.

Историја[уреди | уреди извор]

Свештеница на египетската божица Изида

Свештеникот, во историјата на религијата, е лице кое во име на заедницата принесува жртви и врши други обреди. Порано, таткото (главата) на семејството ја принесувал жртвата. Во понатамошниот развој на човековото општество се издвојуваат лица кои биле сметани за посредници меѓу луѓето и боговите.

Во некои цивилизации, свештенството, било повеќекратно повластено и вршело улоги на врач, волшебник, лекар, учител, судија, толкувач на традицијата и сè останато во доменот на духовниот живот.

Во Месопотамија и Египет улогата на врховен првосвештеник ја имал краот (фараон), а нему му помагале хиерархискиот устроен клер кои сочинувале каста. Кај Евреите, во племето Леви кое се сметало за избрано, свештеничкиот чин бил наследен. Кај Римјаните, свештеникот имал и политичка власт и бил биран само од патрициските семејства. Високите свештеници се викале понтифици (латински: pontifices), а највисокиот свештеник ја имал титулата понтифекс максимус (латински: pontifex maximus).

Во Персија голем углед имале магите, а во хиндуизмот браманите.

Во Античка Грција свештениците не играле толку голема улога. Тие биле службеници на светилишта, односно на богот кому му било посветено светилиштето. Женските божества имале свештенички.

Свештениците биле многу влијателни во племенскиот живот на старите Германи и Келти и ги викале друиди.

Свештеникот кај старите Словени, во литературата, се нарекува жрец (стсл. жьрьць).

Во раното христијанство се јавува мисла за свештеничка вокација на сите верници (која подоцна ја следеле протестантите), меѓутоа многу брзо се створил хиерархиски ред на свештенството (презвитер, јереј, бискуп, митрополит и папа).

Повеќето заедници кои биле создадени по реформацијата не го знаат поимот свештеник во традиционална смисла и облик. Во тие верски заедници раководат духовници, пастори, проповедници, а во Већина заједница насталих након реформације не познаје појам свештеника у традиционалном смислу и облику. У тим верским заједницама руководе духовници, пастори, проповедници, а во Црквата на Англија во поново време улогата на свештеник може да ја вршат и жени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „клерик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „свештеник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]