Салата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чинија за салата

Салата е еден вид на храна која обично се јаде како гарнир со главно јадење а ретко  самостојно (на пример, овошна салата). Салата често се прави од сиров зеленчук.[1][2] Може да се додадат тестенини, варено месо, сирење, мајонез, разни преливи и слично. Во некои салати се додава и овошје, на пример јаболки сецкани во коцки. Овошна салата е еден вид на десерт салата во која  главните состојки на различни видови на овошје.

Салата е обично зачинета со масло и сирење, со додавање на сол, црн пипер и лимонов сок. Сезонските салати се направени од свеж зеленчук  за тоа време од годината. Салатите имаат хранлива вредност, и содржат витамини и минерали. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна.

Видови на салата[уреди | уреди извор]

Главната поделба на салата е зимна и летна. Летни салати се: салата од свежи краставици, зелена салата, салата од домати, пиперки и кромид и сл. Зимски салати се: салата од >кисела зелка, салата од цвекло, туршија, кисели краставици итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „salad“. Merriam-Webster. http://www.merriam-webster.com/dictionary/salad. конс. 16 август 2014 г. 
  2. „salad“. Oxford Dictionaries. Oxford University Press. http://www.oxforddictionaries.com/definition/english/salad. конс. 16 август 2014 г. 

Литература[уреди | уреди извор]