Тестенина
Изглед
(Пренасочено од Тестенини)
Разни тестенини | |
Вид | Главна состојка за многу јадења |
---|---|
Место на потекло | Италија |
Главни состојки | пченично брашно, вода |
Варијанти | оризови тестенини |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 660 kJ (160 kcal) |
30,9 g | |
Скроб | 26,0 g |
Шеќери | 0,6 g |
Влакна | 1,8 g |
0.9 g | |
5,8 g | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (2 %) 0,02 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,02 мг |
Ниацин (Б3) | (3 %) 0,4 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (2 %) 0,11 мг |
Витамин Б6 | (4 %) 0,05 мг |
Фолна кис. (Б9) | (2 %) 7 μг |
Витамин Ц | (0 %) 0 мг |
Витамин Е | (0 %) 0,06 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 7 мг |
Железо | (4 %) 0,5 мг |
Магнезиум | (5 %) 18 мг |
Манган | (15 %) 0,32 мг |
Фосфор | (8 %) 58 мг |
Калиум | (1 %) 44 мг |
Натриум | (0 %) 1 мг |
Цинк | (5 %) 0,5 мг |
Други состојки | |
Вода | 62 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Тестенини – смеса од брашно и вода на која понекогаш ѝ се додаваат јајца. Тестенините се обликуваат без процес на ферментација и може да се користат свежи или сушени. Доколку се сушат, истото се врши сè до постигнување на потребната содржина на влага. Основни суровини за производство на тестенини се брашно и вода, а додатни суровини се јајца, млеко, концентрати, разни зеленчуци и зачини.
Кога се сушени, тестенините може долго да се чуваат без промена на нивниот квалитет и особини. Нивната трајност е 1,5 година и повеќе.
Особини
[уреди | уреди извор]Основни особини на тестенините се:
- мала хигроскопичност која придонесува да се чуваат долго без промена на вкусот, мирисот и употребната вредност,
- брзо и лесно се приготвуваат за јадење,
- лесна и голема сварливост.
Поделба[1]
[уреди | уреди извор]Според начинот на производство тестенините се делат на:
- пресувани – се добиваат со пресување на тестото низ отвор на преса, и во зависност од обликот на отворот се добиваат облиците на тестенините
- сечени – се добиваат со валање или пресување на тестото при што се добиваат прави ленти, нивно истенчување до саканата дебелина и на крајот сечење во различни облици.
Во зависност од обликот тестенините се делат на:
Според должината тестенините се делат на:
- кратки – до 5 см
- долги – до 80 см
- мотани – долги тестенини кои при производството се виткаат во вид на гнездо.
-
Долги тестенини
-
Кратки тестенини
-
Тестенини за супи
-
Свежи тестенини
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Пченкарни тестенини со сирење во Индија
-
Азиски стил на „италијански“ тестенини
-
Азиски спирални тестениниa
-
Шпагети а ла карбонара
-
Макарони и сирење
-
Лазањи со месо
-
Пастицио
-
Тестенини во Јапонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ д-р Рафајловска, Весна; Муратовска, Весела & Гудоманова, Јасминка (2010). Прехранбена технологија. е-учебници. Скопје. ISBN 978-608-226-033-4.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тестенина“ на Ризницата ? |