Цезариј од Хајстербах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цезариј од Хајстербах (околу 1180 - околу 1240) - католички свештеник и проповедник.

Творештво[уреди | уреди извор]

Биста на Цезариј од Хајстербах, дело на Ернеман Зандер во Обердолендорф.

Цезариј од Хајстербах бил основач на монашкиот ред „цистерцити“ во малото германско место Обердолендорф, во Германија. Тој е најпознат како автор на популарното хагиографско дело „Дијалог за чудата“ (Dialogus miraculorum), напишано во периодот 1219-1223, во кое се собрани 746 приказни за разни чуда.[1] Иако ова дело не спаѓа во редот на ремек-делата на среднолатинската книжевност, бидејќи во нив нема рафинирани филозофски или теолошки мисли, ниту пак се одликува со убав стил, сепак тоа има незаменлива вредност во проучувањето на „општиот културен фонд“ и на средновековната свест во Западна Европа.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 26.
  2. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 27.