Прејди на содржината

Живко Грозданоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Грозданоски
(Фото - Јелена Белиќ, 2020)
ЗанимањеПисател
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Живко Грозданоски (10 ноември 1986 Кичево) — македонски писател и книжевен преведувач, актуелен претседател на ДПМ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија Нова во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за романски јазици и книжевности, на отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика).

Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД (SEEYLI, Wake Forest University in Winston-Salem, NC, 2004), Италија (Università per Stranieri di Perugia, 2009) и БиХ (Reading Balkans, Sarajevo, 2018). Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница ДоКо ЈоМи во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец „Во кафез“, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).

Неговите дела се преведени на бугарски, грчки, српски, албански, англиски, италијански, словенечки и германски. Преведува од италијански на македонски јазик и обратно.

  • Писмо за Глорија (роман), Или-или, Скопје, 2022
  • Пет приказни од целиот свет (книга за деца), Чудна шума, Скопје, 2021 (награда од МАИ за најдобра книга за деца објавена помеѓу два саема на книга во Скопје)
  • 50 раскази - избор од 10 збирки раскази – (под псевдонимот Жил Менар), Бегемот, Скопје, 2019 (во потесен избор за наградата „Рациново признание“ за 2020 г.);
  • Последното име на иднината (роман), Антолог, Скопје, 2018;
  • Отпечатоци врз коцки мраз (кратка проза), Темплум, Скопје, 2016 (2009 прво издание);
  • Куфер за тројца (роман), Или-или, Скопје, 2014 (финалист за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник);
  • Приказни за тревите и други приказни (раскази), Антолог, Скопје, 2011;
  • Песок и свила (поезија), Гимназија „Нова“, Скопје, 2005

Под логото на „Булевар ослободување“, во 2020 ја има приредено и објавено малата тријазичната антологија, на македонски, грчки и англиски „Да сум на твое место/Αν ιμουν στι θεσι σου/If I were in your place“, во која се застапени 13 македонски автори на кратки книжевни форми (поезија и кратки-кратки раскази).

Живко Грозданоски бил дел од десетина антологии, издадени во Македонија, Србија, Словенија, Италија, Црна Гора, и Австрија.

Преведува од италијански на македонски јазик, меѓу другите автори ги превел: Сара Белтраме, Алесандро Барико, Емануеле Треви, Николо Аманити, Еуџенио Монтале, Итало Звево, Алесандро Барико, и други.

Покрај одреден број македонски поетеси, од македонски на италијански јазик, заедно со преведувачките Роска Стојменова-Вебер и Марианџела Бјанкофиоре ја има преведено и книгата „Зад оној агол ве очекува изненадувањето“ – избор песни и раскази од Влада Урошевиќ на италијански јазик („Dietro quell’angolo vi attende la sorpresa”), која била издадена во Италија, во 2020 година.