Сергеј Главјук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сергеј Главјук е руски поет и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сергеј Главјук е роден на 2 септември 1958 година во Дрезден, Германија. Во 1960 г. со своите родители се враќа во Русија. Средно училиште завршува во подмосковскиот град Корољов. Дипломирал на Литературниот институт „Максим Горки“ во Москва. Работел како уредник и главен уредник во повеќе издавачки куќи. Член на Сојузот на писателите на Русија. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил книгите: Глоток (поезија, 1991), Точка возврата (поезија, 1997). Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик под наслов Агли (1997). Активно се занимава со преведувачње од словенските јазици. Од македонската литература на руски јазик превел дел од творештвото на Константин Миладинов, Константин Петкович, Григор Прличев, Коле Неделковски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Петар Т. Бошковски, Раде Силјан, Јован Стрезовски, Славе Ѓорѓо Димовски, Јанко Нинов и други. Составувач е на антологијата на македонската поезија на 19 и 20 век (Москва 1997). Добитник е на наградите на Сојузот на преведувачите на Македонија (1997) и на наградата за најдобра песна на Струшките вечери на поезијата (1999).