Ата (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ата била божица на заслепеноста и душевниот немир во старогрчката митологија, која се споменува во творештвото на Хомер. Таа предизвикувала раздор меѓу луѓето и боговите, па затоа Зевс ја исфрлил од Олимп. На земјата се движела со лесен и тивок чекор при што не ја допирала земјата, туку лебдела над главите на луѓето на кои им носела несреќа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 114.