Еврипид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статуа на Еврипид.

Еврипид (грчки: Εὐριπίδης) (околу 480 п.н.е.406 п.н.е.) бил последниот од големата „тројка“ драматурзи-трагичари на античка Атина, заедно со Есхил и Софокле. Еврипид се смета за еден од најзначајните поети на античката трагедија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Еврипид е роден на островот Саламина, а умрел на дворот на македонскиот крал Архелај во Пела. Во неговите млади години, врз него влијаел неговиот учител, остроумниот философ Анаксагора, а подоцна во неговиот духовен развој се гледа силно влијание на софистите. Биографите како негови учители ги наведуваат Архелај, Анаксагора и Сократ. Се претпоставува дека имал своја лична библиотека. Не се знае многу за неговиот живот, но живеел повлечено, посветен на книжевноста. Не бил политички активен ниту влегол во државна служба. На повик на македонскиот крал Архелај, кој настојувал да привлече познати уметници на својот двор, Еврипид заминал за Пела во 408 п.н.е.. Поради тоа, Есхил паднал во немилост кај своите земјаци, кои го рехабилитирале дури по неговата смрт, поставувајќи му биста во театарот, заедно со оние на Софокле и Есхил.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Кога Еврипид почнал да пишува трагедии, настојувал на дотогашната обработка на древните митови што ја правеле Есхил и Софокле, да им даде нова душа. Еврипид од митот ја земал голата содржина, а сè друго разработувал на свој начин и во драмското дејство внесувал сопствени мисли и погледи на светот. Го нарекуваат „антички Ибзен“.

Многу негови трагедии личат на обични драми, имаат долги монолози кои претставуваат филозофски размислувања за животот и проблемите од тоа време. Еврипид е философски настроен, но има трагедии во кои има вистинска лирска трагедија. Многу трагедии немаат внатрешна драмска поврзаност. Еврипид често на крајот на трагедијата внесувал божество, кое ја расплеткувало трагедијата.

Еврипид извршил влијание врз римските писатели Сенека и Овидиј, а преку нив подоцна и врз целата европска книжевност. Така, Аристотел за него рекол дека е „најтрагичниот трагичар“. За Еврипид може да се каже дека од неговата сцена прозвучел елементарниот живот, „верното огледало на тој живот“.[2]

Дела[уреди | уреди извор]

Најважни дела на Еврипид се:

  • Алкеста
  • Медеја
  • Хераклиди
  • Андромаха
  • Хекаба и Хикетиди
  • Хиполит
  • Електра и Херакле
  • Тројанки
  • Ифигенија на Таврида
  • Хелена
  • Ион
  • Феничанки
  • Орест
  • Ифигенија во Авлида
  • Баханатки
  • Побеснетиот Херакле
  • Киклоп (сатирска игра).

Литература[уреди | уреди извор]

  • Barrett, William Spencer, ed. 1964. Hippolytos. By Euripides. Oxford: Clarendon P. and Toronto: Oxford UP.
  • ---. 2007. Greek Lyric, Tragedy, and Textual Criticism: Collected Papers. Ed. M. L. West. Oxford and New York: Oxford UP. ISBN 0-19-920357-1.
  • Croally, N. T. 1994. Euripidean Polemic: The Trojan Women and the Function of Tragedy. Cambridge: Cambridge UP. ISBN 0-521-04112-0.
  • Ippolito, P. 1999. La vita di Euripide. Napoli: Dipartimento di Filologia Classica dell'Universit'a degli Studi di Napoli Federico II.
  • Kovacs, David. 1993 Euripidea. Leiden: Brill. ISBN 90-04-09926-3.
  • Mary Lefkowitz. 1981. The Lives of the Greek Poets. New edition. London: Duckworth, 1998. ISBN 0-7156-1721-4.
  • Rutherford, Richard. 1996. Introduction. Medea and Other Plays. By Euripides. Rev ed. London: Penguin, 2003. ISBN 0-14-044929-9.
  • Scullion, S. 2003. "Euripides and Macedon, or the silence of the Frogs." The Classical Quarterly 53.2: 389-400.
  • Sommerstein, Alan H. 2002. Greek Drama and Dramatists. London: Routledge. ISBN 0-415-26028-0.
  • Walton, J. Michael. 1997. Introduction. In Plays VI. By Euripides. Methuen Classical Greek Dramatists ser. London: Methuen. vii-xxii. ISBN 0-413-71650-3.
  • Webster, T. B. L. 1967. The Tragedies of Euripides. London: Methuen.
  • Multispectral imaging. Oxyrhynchos online. Retrieved on 28 Oct 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, Антигона. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68.
  2. Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, Антигона. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68.