Сиракуза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Syracuse
Siracusa  (италијански)
Sarausa  (јазик?)
општина
Comune di Siracusa
Сиракуза - градско крајбржје
Сиракуза - градско крајбржје
ЗемјаИталија
РегионСицилија
ПокраинаСиракуза (SR)
Управа
 • ГрадоначалникGiancarlo Garrozzo
Површина
 • Вкупна207,78 км2 (8,022 ми2)
Надм. вис.[1]&1000000000000001700000017 м
Население (31 Декември 2017)
 • Вкупно121.605[2]
ДемонимSyracusan,[3] Syracusian[4] (en)
Siracusano (it)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.96100
Повик. бр.0931
Светец-заштитникСвети Луис
Слава13 Декември
Мреж. местоcomune.siracusa.it

Сиракуза (jaзик италијански|Siracusa, на месниот говор, Sarausa) — град во јужна Италија. Четврт град по големина на островот Сицилија и најголем град и административен центар на истоимениот округ Сиракуза.

Сиракуза е позната како наследник на истоимениот старогрчки град, кој бил најмоќно средиште на Голема Грција, место каде што живеел Архимед. Денеска остатоците од Сиракуза се под заштита на УНЕСКО.

Сиракуза во Италија е позната како најјужен град во државата со повеќе од 100 илјади жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед на крајбрежниот дел од градот

Сиракуза се наоѓа во јужна Италија. Од престолницата градот Рим е оддалечена околу 860 км јужно, а од Палермо 260 км југоисточно. Најблизок поголем град е Катанија, сместена 66 км посеверно.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Сиракуза се наоѓа во југоисточниот дел на Сицилија. Градот се развил на помалиот остров во истоимениот Сиракуски залив, на крајно југозападниот дел од Јонското море. Подоцна островот бил поврзан со мостови со блиското копно, но некогашниот град станал градски центар. Во позадината на Сиракуза се наоѓа плодна приморска рамнина, која ја прават реките Анапо и Кане', кои се влеваат во заливот недалеку од градот. Подалеку, на запад се издигаат Иблејските планини.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Сиракуза е средоземна.

Климатски податоци за Сиракуза
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 25.1
(77.2)
25.3
(77.5)
27.6
(81.7)
31.4
(88.5)
33.9
(93)
41.0
(105.8)
44.5
(112.1)
42.8
(109)
40.1
(104.2)
32.7
(90.9)
28.1
(82.6)
26.0
(78.8)
44.5
(112.1)
Прос. висока °C (°F) 17.1
(62.8)
17.2
(63)
19.1
(66.4)
22.2
(72)
24.4
(75.9)
28.8
(83.8)
31.9
(89.4)
31.7
(89.1)
29.4
(84.9)
24.8
(76.6)
21.2
(70.2)
17.3
(63.1)
23.76
(74.77)
Сред. дневна °C (°F) 12.1
(53.8)
12.4
(54.3)
13.9
(57)
16.2
(61.2)
19.8
(67.6)
24.0
(75.2)
27.0
(80.6)
27.2
(81)
24.7
(76.5)
21.0
(69.8)
16.8
(62.2)
13.6
(56.5)
19.06
(66.31)
Прос. ниска °C (°F) 7.3
(45.1)
7.5
(45.5)
8.7
(47.7)
10.7
(51.3)
13.9
(57)
17.8
(64)
20.7
(69.3)
21.2
(70.2)
19.2
(66.6)
16.0
(60.8)
12.1
(53.8)
9.0
(48.2)
13.7
(56.7)
Најниска забележана °C (°F) 3.0
(37.4)
3.1
(37.6)
4.3
(39.7)
6.6
(43.9)
9.7
(49.5)
13.8
(56.8)
17.0
(62.6)
17.9
(64.2)
15.3
(59.5)
11.0
(51.8)
7.1
(44.8)
0.0
(32)
0.0
(32)
Прос. врнежи мм (ин) 65
(2.56)
29
(1.14)
45
(1.77)
18
(0.71)
11
(0.43)
1
(0.04)
1
(0.04)
1
(0.04)
14
(0.55)
59
(2.32)
87
(3.43)
81
(3.19)
412
(16.22)
Прос. бр. врнежливи денови 7 3 5 3 1 0 0 0 1 7 9 8 44
Извор: Archivio climatico Enea-Casaccia[5] and Weather Atlas[6]

Води[уреди | уреди извор]

Сиракуза е сместена во крајниот југозападниот дел од Јонското море. Градот се наоѓа на северниот брег на Сиракускиот залив, каде стариот дел од градот се наоѓа на островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Улица во средновековната Сиракуза
Архимедовиот плоштад
Пешачка улица

Стар век[уреди | уреди извор]

Областа на градот била населена уште во времето на предисторијата, а во времето на Микена се јавуваат првите податоци од овој дел на Средоземјето. Сиракуза ја основале старите Грци во 733 година п. н. е. под оригиналното име Сирако, со значење „слано пристаниште“, а од оваа име со време се дошло до денешното. Сиракуза се развила многу бргу во најголем и водечки полис во Голема Грција, па во неколкуте следни векови била неизбежен фактор во историјата на старогрчкиот свет. Погодната положба на крајниот запад на старогрчкиот свет имало помалку војувања и со тоа помалку уништувања. Меѓутоа, во случајот цо Суракуза доаѓало до изразено непријателство со блиската Картагина, чија моќ и значење многу повеќе ја погаѓала Сиракуза отколку полисите во денешната Грција. На крајот жителите на Сиракуза влегле во пактот со стариот Рим против Картагина во Првата пунска војна. Оваа довело до паѓање на градот под управува на Римјаните во 215 година п. н. е.. Меѓутоа, градот го задржал значењето и станал административен центар и најважнен пазар во Сицилија. Кон крајот на времето на стариот Рим во градот се јавуваат многу христијани, па Сиракуза е препознатлива по сочуваните катакомби, кои по зачуваноста се веднаш после римските.

Среден век[уреди | уреди извор]

По пропаста на стариот Рим градот сменил повеќе владетели во следените векови. Прво градот го завземаат Вандали, а во 535 година Византијците, за време на кои Сиракуза повторно засилува. Градот го завземаат Арабјани-Сарацени во 878 година по опсадата и во нивно владеење Сиракуза останува до 1038 година. Тие го преместуваат центарот на власта над островот во Палермо. После тоа градот повторно го завземаат Византијците и владеат со него во наредната половина од векот. Нови владетели биле Норманите, кои го завземаат градот во 1085 година. Тие основаат држава на југ во денешна Италија, која траела во неколкуте следни векови - Кралство Сицилија. Во оваа време градот повторно станува христијански центар. Се градат многу цркви и градски палати.

Нов век[уреди | уреди извор]

Во текот на неколкуте векови на постоењето на Кралството Сицилија имало неколку владетелски куќи на чело со - Норманите, Анжујците, Арагонците, Савоите, Хабсбурговците, Бурбоните. Конечно, Сиракуза во 1860 година велегува во состав на Кралството Италија. По соединувањето на државата Сиракуза, таа станува важно пристаниште и пазар, што е и денеска. Меѓутоа, повеќевековниот јаз на Југот и Северот ни ден денес не надминат, па жителите на Сиракуза и понатаму се чувствително посиромашни од жителите на поголемите градови на север во Италија.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците, во градот во ноември 2016 година живееле 122.051[7] становници.

Предлошка:ДемографијаИТА Во 2008 година Сиракуза имала преку 120.000 жители, 3 пати повеќе во однос на почетокот на 20 век. Во последните години бројот на населението во градот стагнира.

Градот денес има мал удел на имигрантско население (2%), највеќе од Источна Европа, северна Африка и јужна Азија.

Градски знаменитости[уреди | уреди извор]

Сиракуза има голем број на знаменитости. Најважни се оние античките, каде честопати не може точно да се разликува што е старогрчко, а шта староримско:

  • Аполонов храм, подоцна претворен во византиска црква и џамија,
  • Аретузина фонтана, чие име се поврзујва со грчка нимфа,
  • Антички театар,
  • Римски амфитеатар,
  • Храм на Зевс.

Градот има и убави згради од неколкуте претходни векови:

  • Градска катедрала од 13 век, зграда на остатоците од старогрчкиот храм на божицата Атина од 5 век п. н. е.,
  • Црква на света Луција надвор од ѕидовите, од 16 век, некогашна византиска црква со катакоби под неа,
  • Црква на свети Павле, од 18 век,
  • Црква на свети Христофор, од 14 век,
  • Манијакесов замок, од 13 век,
  • Археолошки музеј,
  • голем број на палати, претежно од 18 век.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Со градската економија доминира пристаништето, а жителите на Сиракуза работат на пристаништето, бродоградилиштата, прехрамебната индустрија, индустријата за преработка на метали, како и на хемиската индустрија. Околината е позната по култивирање на јужно овошје.

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 'City' population (i.e. that of the comune or municipality) from demographic balance: January–April 2009[мртва врска], ISTAT.
  2. „Statistiche demografiche ISTAT“. demo.istat.it.
  3. „Syracusan, adj. and n., Oxford English Dictionary, Oxford: Oxford University Press, 1919
  4. „† Syracusian, adj. and n., Oxford English Dictionary, Oxford: Oxford University Press, 1919
  5. „Profilo climatico dell'Italia: Siracusa“ (италијански). Ente per la Nuove tecnologie, l'Energia e l'Ambiente. Посетено на 19 December 2014.
  6. d.o.o, Yu Media Group. „Syracuse, Italy – Detailed climate information and monthly weather forecast“. Weather Atlas (англиски). Посетено на 27 June 2019.
  7. www.demo.istat.it

Надворешни врски[уреди | уреди извор]