Катанија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Катанија — втор град по големина во Сицилија, по Палермо, и меѓу десетте најголеми градови во Италија. Сместен е на источниот брег на Сицилија, свртен кон Јонското Море. Тој е главен град во регионот со 58 општини, познат како Метрополитен град Катанија, и е седми град по големина во Италија. Вкупниот број на жители во градот Катанија изнесува 1.107.702.

Катанија е основана во 8 век пр.н.е од страна на Халкидските Грци.[1] Градот претрпел повеќе геолошки катастрофи и бил речиси целосно уништен од катастрофален земјотрес во 1169 година.[1] Во 1669 година градот претрпел сериозно уништување од земјотресот на Сицилија.[1]

Во текот на 14 век и во ренесасниот период, Катанија била еден од најважните културни, уметнички и политички центри во Италија.[1] Токму во Катанија во 1434 година е основан првиот универзитетет на.[1] Катанија е дом на многу познати уметници и писатели.

Катанија денес е индустриски, логистички и комерцијален центар на Сицилија. Нејзиниот аеродром, Катанија е најголем во Јужна Италија. Стариот град на Катанија е со барокна архитектура и е под заштита УНЕСКО Светското Наследство На Унеско.

Географија[уреди | уреди извор]

Како што забележал Страбон, локацијата на Катанија во подножјето на планината Етна била и проклетство и благослов. Од една страна, насилните изливи на вулканот низ историјата уништиле големи делови од градот, додека од друга страна вулканскиот пепел давал плодна почва, особено погодна за растење на винова лоза. (Штраб. vi. стр. 269)

Две понорници течат под градот; Аменано, која се појавува на површина во една единствена точка на југот на Пјаца Дуомо, и Лонгане (или Лоњина).[2]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Катанија е средоземна со претежно топли лета и е една од најжешките точки во цела Италија.

Зимите се благи со ладни ноќи. Повеќето врнежи се концентрирани од октомври до март, со доцна пролет и суви лета (некои години нема дожд по 3-4 месеци). Во градот наврнува околу 500 мм дожд годишно, иако количината може да варира во голема мера од година на година.

Зимските ноќи понекогаш можат да се симнат и под 0 степени Целзиусови.

Снег, поради присуството на Етна кој го штити градот од северните ветрови, е невообичаена појава, но повремени снег наноси се забележани во текот на последниве години, особено во ридските области. Лесни снежни врнежи се случиле на 9 февруари 2015 година, 6 јануари 2017 и 5 јануари 2019, но последниот голем снежен бран датира дури од 17 декември 1988 година.

Демографијата[уреди | уреди извор]

Поглед на пристаништето на Катанија од високо

Во јануари 2015 година, вкупниот број на жители во Катанија изнесувал 315.601, од кои 47,2% биле мажи и 52,8% биле жени. Малолетните лица (лица под 18 годишна возраст) бил 20,50 проценти од населението во споредба со пензионерите лица кои биле 18,87 проценти.

Просечната возраст на жителите на Катанија е 41 година во споредба со италијанскиот просек од 42 години. Во петте години помеѓу 2002 и 2007 година, населението на Катанија се намалило за 3,35 проценти, додека Италија како целина се зголемила за 3,85 проценти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Catania history – Catania culture – Catania – attractions in Catania – art Catania – history guide Catania – Italy Katane“. Travelplan.it. Посетено на 1 June 2010.
  2. Giuffrida Tino, Catania dalle origini alla dominazione normanna, Catania, Bonaccorso.

 

Извори[уреди | уреди извор]