Сицилија
| Сицилија Sicilia | |||
|---|---|---|---|
| Автономен регион во Италија | |||
| |||
| Земја | Италија | ||
| Админ. центар | Палермо | ||
| Управа | |||
| • Претседател | Розарио Крочета (ПД) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 25.711 км2 (9,927 ми2) | ||
| Население (30 април 2012) | |||
| • Вкупно | 5,043,480 | ||
| • Густина | 0,00.020/км2 (0,00.051/ми2) | ||
| Демоним | Сицилијанци | ||
| Граѓанство[1] | |||
| • Италијанци | 98% | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| БДШ/ном. | € 84.5[2] милијарди (2008) | ||
| БДП/жит | € 16.600[3] (2008) | ||
| NUTS | ITG | ||
| Мреж. место | www.regione.sicilia.it | ||

Сицилија (италијански: Sicilia; старогрчки: Σικελία; малтешки Sqallija) — автономен регион во Италија и најголемиот остров во Средоземното Море, со површина од 25.700 км2 и 5 милиони жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Сицилија е одделена од регионот Калабрија со Месинскиот Проток на исток.
Вулканот Етна, сместен близу до Катанија, е висок 3.320 м , што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот.
Липарските Острови на север се административен дел на Сицилија, како што се и Егадските Острови и островот Пантелерија на запад, островот Устика на северозапад и Пелагиските Острови на југозапад.
Сицилија е истакната житопроизведувачка територија. Портокалите, маслинките и виното се само дел од нејзините земјоделски производи. Рудниците од областите Ена и Калтанисета биле главни произведувачи на сулфур во 19 век, но престанале со работа во 1950-тите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Демографски статистики“. ISTAT. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 23 април 2010.
- ↑ „Табели, графикони и карти“. Евростат. 11 март 2011. Посетено на 2 јуни 2011. (англиски)
- ↑ EUROPA - БДП на Европа по глава на жител за 2008 (англиски)
| ||||||||||||||||||||||
|