Етна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Етна
EtnaAvió.JPG
Планината Етна видена од југозапад.
Највисока точка
Надм. вис. 3350 м (се разликува)[1] ширина на конусот – 40 км
Истакнатост 3,329.6 м 
59-та
Заведена како ултра
Координати 37°45′ СГШ 14°59′ ИГД /  [1]
Географија
Покраина IT
Геологија
Старост на карпата 350,000 – 500,000 години
Вид планина стратовулкан (мешовит вид)
Последен избув 16 март 2017[2]
Искачување
Најлесен пат по карпи

Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) е стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ.[3] Вулканот е висок 3,329 м (10,922 ст) иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1,190 km2 (459 ми) со површина на основата која зафаќа 140 km. Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два ипол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.[4]. Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.[5]

Етна е и еден од најактивните вулкани во светот. Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

Поради нејзината историја на поскорешните активности, планината Етна била прогласена за еден од Децениските вулкани од страна на Обединетите Нации.[6] Во јуни 2013, Етна била додадена на списокот на УНЕСКО како една од светските природни наследства на човештвото.[7]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот Етна потекнува од грчкиот збор αἴθω (aithō), кој значи "горам", со јотацистички изговор.[8] На класичен грчки, вулканот се нарекува Αἴτνη (Aítnē),[9] назив со кој ја нарекувале и Катанија како и градот оригинално познат како Инеса. На латински, се нарекува Aetna. Арапите вулканот го викале Џабал ел-Нар (арапски: جبل النار Jabal al-Nār ) или Огнена планина.[10]

Познат е и по називите Мунџибеду (сицилиски: Mungibeddu), Монџибело или Монтебело (италијански: Mongibello /Montebello што буквално значи "убава планина"). Друга лингвистичка теорија е дека називот Монџибело доаѓа од италијанскиот збор monte и арапскиот jabal, кои и двата означуваат "планина".

Легендата за киклопските карпи[уреди | уреди извор]

Местоположбата на Етна на островот Сицилија
Вулканските Острови на киклопите (италијански: isole dei ciclopi) на Сицилија на 20 км оддалечени од вулканот Етна.

Недалеку од Катанија, на источниот брег на Сицилија, лежат три огромни карпи познати како Киклопски карпи (италијански: Scogli dei ciclopi). Тие се од вулканско потекло и се сосема поинакви од останатите карпи крај овој брег. Грчкиот мит раскажува дека чудовиштето ги фрлило трите сосема идентични камења врз бродот на јунакот Одисеј, еден од јунаците на Тројанската војна. Грчкиот поет Хомер од 8 век п.н.е во делото Одисеја разскажува како јунакот и неговите другари на Сицилија ги заробиле киклопи. Водач на киклопите бил грдиот Полифем, кој имал само едно око на средината на челото. Додека Полифем спиел, Одисеј и неговите придружници во окото му забоделе зашилена и вжарена маслинова гранка а потоа побегнале, спасувајќи си ги животите а и бродот. Иако го заслепеле и му задале ужасна болка, киклопот се уште можел да ги гаѓа фрлајќи камења од падината на планината. Тој не ги погодил, а карпите и денес стојат таму каде што паднале и потсетуваат на силата на чудовиштето. Ако се погледне дваесетина километри накај копното, се гледа врвот на вулканот Етна а длапката на нејзиниот кратер потсетува на окото на киклопот.

Разгледница од 1931 со Етна при ерупција

Историја[уреди | уреди извор]

Фреска која ја прикажува ерупцијата на Етна во 1669 година

Етна повеќепати во историјата покажала способност да исфрла камења големи како киклопските карпи, а истата сила ја задржала до денес. Зачувани се пишани извори за големите ерупции во 475 и 369 п.н.е., потоа во 812 или 1169 година при што загинале 15000 луѓе на Сицилија[11] како резултат на земјотресот кој претходел на ерупцијата како и онаа во 14 век.[12] Во 1669 година Етна се распукала од врвот до дното и од неа се излеале милиони тони лава што тогаш ја уништила цела Катанија и околината.[13] Помали ерупции се случувале пред и потоа (само во 20 век имало повеќе од 10) кои редовно ги уништуваат земјоделските површини и ги опожаруваат селата.

Иако сведоштвата за активноста на Етна допираат во минатото се до митските времиња, таа е релативно млад вулкан. Се појавила од морето пред околу милион години, а нејзината прва ерупција се случила околу милион години подоцна.

Денес Етна е најголемиот активен вулкан во Европа[14], подножјето има пречник од околу 160 км и се простира во област со големина на Лондон и околината. Висината на Етна е променлива исто како и кај многу други вулкани. Сега, нејзиниот врв се наоѓа на висина од 3.320 м. Но, пред околу сто години тој бил повисок за 30м. Поради постојаните ерупции доаѓа до поместување на врвот, имено, конусниот врв се вовлекува и зад себе остава вдлабнатина во форма на чинија (купа), а во близина се создаваат нови конусни врвови. Пред денешниот врв постоеле најмалку два, а на страната од вулканот се наоѓа купата: голема дупка со пречник од 20 километри чии падини стрмно паѓаат дури 900 м. Сите тие непрекинати промени оставаат непријатен впечаток дека пред себе имате едно огромно примитивно живо суштество. Впечатокот го надополнува избивањето на чадот и пареата од фумаролите(отвори од каде излегува чадот) и од малите кратери, што асоцира на дишење. Исто како и другите активни вулкани и Етна може да се споредува со полупропустлив вентил што ја затвора слабата точка на Земјината кора. Се смета дека ерупциите на Етна доаѓаат од резервоарот со лава, долг околу 30км и длабок околу 4км. Резервоарот е сместен под планината, а ерупциите се хранат со огромно количество вжарен материјал, кој избива под притисок на гасовите под кората. Огромниот притисок се повеќе расте и бара излез како на страните , така и на врвот на вулканот и на крајот се појавува на површината како огнена фонтана од сулфурен гас и лава.

Ерупции[уреди | уреди извор]

Илустрација на Вале дел Бове кај Етна

Геолошка историја[уреди | уреди извор]

Депресијата наречена Вале дел Бове во близина на вулканот Етна

Вулканска активност на Етна првпат се случила пред околу 500,000 години, со ерупции под морето надвор од старото крајбрежје на Сицилија.[15] Пред околу 300,000 години, вулканската активност започнала да се случува југозападно од врвот на вулканот, а потоа активноста се преселила кон сегашниот централен врв, пред околу 170,000 години. Ерупциите во тоа време го создале првиот вулкан, формирајќи  стратовулкан со наизменични експлозивни и ефузивни ерупции. Растот на планината бил повремено прекинат поради големите ерупции, кои довеле до тоа пропаѓањето на врвот да формира купи. Пред околу 35,000 до 15,000 години, Етна имала високо експлозивни ерупции, генерирајќи големи пирокластични текови, што оставиле широки наслаги на ингимбрит. Пепел од овие ерупции е пронајдена дури до Рим, јужно од неговата границата, 800 километри накај север. Пред илјадници години, источното крило на планината доживеало катастрофален колапс, правејќи огромно свлечиште во настан сличен на оној виден при ерупција на Планината Св. Хелена во 1980. Свлечиштето оставило широка депресија на страната на вулканот позната како Вале дел бове (италијански 'Valle del Bove' во превод „Волска долина“). Едно истражување објавено во 2006 година сугерира дека тоа се случило пред околу 8000 години и предизвикало огромно цунами, кое оставило белег на неколку места во источниот Медитеран. Можеби тоа било причината населбата Атлит Јам (Израел), сега под морското ниво, наеднаш да биде напуштена од страна на населението токму околу тој период.[16] Стрмните ѕидови на долината паѓале во бројни прилики. Стратумите обезбедуваат важен и лесно достапен запис на еруптивната историја на Етна. Најскорешниот колапс на врвот на Етна се смета дека се случил пред околу 2.000 години, формирајќи го тоа што денес е познато како Пјано Калдера. Оваа калдера речиси целосно била исполнета со последователни лавински ерупции, но уште е видлива во падината на планината во близина на основата на денешниот конусен врв.

Волска долина (Valle del Bove) на Сицилија, сликана ден по ерупцијата на вулканот

Историски ерупции[уреди | уреди извор]

Алесандро Дана, слика на ерупција на Етна (1766)
Катанија и планината Етна, цртеж од 1840
Поглед на Етна од театарот во Таормина, слика од Вилијам Стенли Хаселтин

Ерупциите на Етна следат различни шеми. Повеќето се случиле на врвот, каде сега (од 2008) постојат пет различни кратери — на Североисточен кратер, Вораџине, Бока Нуова, и Југоисточен кратерски комплекс (2). Други ерупции се случиле на падините, кои имаат повеќе од 300 отвори и варираат по големина од мали дупки во земјата до големи кратери од стотици метри. Ерупциите на врвот може да бидат високо експлозивни и спектакуларни, но ретко се закануваат на населените области околу вулканот. За разлика од тоа, страничните ерупции може да стигнат надолу до неколку стотици метри надморска височина, близу до или во населените места па затоа претставуваат закана. Голем број села и мали градови лежат околу или на конусите од минатите странични ерупции. Од година 1600 година наваму, се случиле најмалку 60 странични ерупции и безброј ерупции од врвот. Речиси половина од нив се случиле од почетокот на 20-от век. Од 2000 година, Етна имала четири странични ерупции во 2001, 2002 и 2003 година, 2004-2005, и во 2008-2009. На врвот ерупции се случиле во 2006 година, 2007-2008 година, јануари–април 2012 година, и повторно во јули–октомври 2012. Првиот познат запис за ерупција на Етна е оној на Диодор Сицилиски.[17] Во 396 п.н.е, ерупција на Етна, наводно ги оневозможила Картагинците во нивниот обид да ја нападнат Сиракуза во текот на Втората сицилијанската војна. Особено силна експлозивна плинска ерупција се случи во 122 п.не., и предизвикала тешки вулкански камења да паднат на југоисток, вклучувајќи го градот Катанија, каде многу куќи биле уништени.[18] За да им се помогне во реконструкција по катастрофалните ефекти на ерупција, Римјаните го ослободиле населението на Катанија од плаќање на даноци за период од десет години. Римскиот поет Вергилиј опишал ерупција на Етна во неговата истоимена поема.[19] Во текот на првите 1500 години, многу ерупции останале незаведени (или евиденцијата се губи). Меѓу позначајните се: (1) ерупција околу 1030 година во близина на Монте Иличе на долната југоисточна страна, кога лавински проток патувал околу 10 километри, достигнувајќи до морето на север од Ачиреале. Селата Санта Текла и Стацо се изградени на широка делта формирана од страна на оваа лава која достигнала во морето; (2) ерупцијата околу 1160 (или 1224), од пукнатина на само 350-450 височина на југоисточната падина близу до селото Маскалучиа, чиј лавински проток достигнал до морето северно од Катанија.

Куќа уништена од лавата на Етна

Најдеструктивната ерупција на Етна, по онаа во 122 п.н.е., започнала на 11 март 1669 и произвела лавински проток кој уништил најмалку 10 села на јужното крило пред да стигне до ѕидините на градот Катанија пет недели подоцна, на 15 април. Лавата во голема мера беше пренасочен од овие ѕидови во морето јужно од градот, пополнувајќи го пристаништето на Катанија.  Мал дел од лавата на крајот се пробил преку дел од градските ѕидини на западната страна на Катанија и уништил неколку згради пред да прекине во задниот дел на бенедиктанскиот манастир, не стигнувајќи до центарот на градот. Спротивно на широко распространетите извештаи дека 15,000 (или дури и 20,000) луѓе загинале од лава,[20] современите извештаи напишани на италијански и англиски не споменуваат смртни случаи[21] поврзани со ерупцијата во 1669 (но даваат многу прецизни бројки на бројот на уништени згради, обработливо земјиште и економски штети). Затоа е неизвесно на што се припишува овој огромен број човечки жртви. Едната можност е конфузијата помеѓу оваа ерупција и земјотресот кој ја опустошил југоисточна Сицилија (вклучително Катанија) 24 години подоцна, во 1693. Проучувањата на ерупциите открива дека само 77 човечки жртви со сигурност се поврзани со ерупциите на Етна како случајот во 1987 година двајца туристи биле убиени од ненадејна експлозија во близина на врвот.[22]

Понови ерупции[уреди | уреди извор]

Снимка од Етна во 2013

Голем лавински тек од ерупцијата во 1928 година довел до уништување на населено место за прв пат од ерупцијата во 1669. Ерупцијата започнала високо на североисточното крило на Етна на 2 ноември. Нова еруптивна пукнатина се отворила на пониска надморска височина по страната на вулканот. Третата и најсилна од овие пукнатини се отвориле на 4 ноември на невообичаено ниска надморска височина, на околу 1200 метри, во зона позната како Рипе дела Нака. Селото Маскали кое се наоѓа на падините на Рипе дела Нака, било речиси целосно уништено во рок од два дена. Само една црква и неколку околни згради преживеале во северниот дел од селото. Во текот на последните денови на ерупција, протокот ја прекинал железничката линија Месина-Катанија и уништена била железничката станица на Маскали. Настанот бил користен од страна на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини за пропаганди цели, со евакуација, помош и обнова на селото, претставенo како модели на фашистичко планирање.[23] Маскали бил одново изграден на нова локација (1937), а неговата црква го содржи италијанскиот фашистички симбол (факелот) поставен над статуата на Исус Христос. На почетокот на ноември 2008, градот Маскали ја одбележал 80-годишнината од ерупција и уништувањето на селото со голем број на јавни настани.

Ерупцијата на Етна во 2002 сликана од Меѓународната вселенска станица
Ерупција од новиот југоисточен кратер на Етна
Етна, 26 октомври 2013
Етна, 24 април 2017
Етна,13 јануари 2011

Други големи ерупции во 20 век се случиле во 1949 година, 1971, 1979, 1981, 1983 и 1991-1993. Во 1971 година, лавата ја закопала Опсерваторијата на Етна (изградена во доцниот 19-ти век), уништена била првата генерација на Етна жичарницата и била сериозна закана за неколку мали села на источната падина на Етна. Во март 1981 година, градот Рандацо на северозападниот крило на Етна за малку избегнал уништување бидејќи лавата невообичаено брзо течела. Ерупцијата била неверојатно слична со онаа во 1928 година која го уништила Маскали. При ерупцијата 1991-1993 градот Ѕаферана бил во опасност од лавинскиот проток, но со напори градот бил спасен од поголеми штети. На почетокот, таквите напори се состоеле од изградбата на бариери при што се надевале дека ерупција ќе запре пред вештачките басени зад бариерите да бидат целосно исполнети. Наместо тоа, ерупцијата продолжила, и лавата насобрана на бариерите, тргната директно кон Ѕаферана. Инженерите потоа одлучиле да смислат други методи за борба со лавата (канали, односно систем од цевки по кои лавата патувала 7 км)[24] По шест години (1995-2001) необично интензивна активност на четирите кратери на врвот на Етна, вулканот во јули–август, 2001 година ја имал својата прва странична ерупција после онаа во 1991-1993 . Оваа ерупција, која вклучувала активност од седум различни еруптивни пукнатини главно на јужната падина на вулканот се случила во екот на туристичката сезона. Ерупцијата станала медиумска сензација бидејќи бројните известувачи и новинарите биле веќе во Италија за да се покрие Г8 самитот во Џенова. Жичарницата била оштетена од оваа ерупција која била скромна по големина согласно стандардите на Етна. Во 2002-2003 година, многу поголема ерупција исфрлила огромен столб на пепел кој лесно можел да се види од вселената и паднал далеку до Либија, 600 километри јужно преку Средоземното Море. Сеизмичка активност во оваа ерупција предизвикала источната падина на вулканот да се лизга до два метри и многу куќи на падините на вулканот биле оштетени. Ерупциите биле снимени од страна на Лукасфилм за да се интегрираат во пејзажот на планетата Мустафар во филмот Војна на Ѕвездите: Епизода III – Одмаздата на Сит од 2005.[25] После прилично тивки, бавни и недеструктивни лавински одливи на горното југоисточно крило помеѓу септември 2004 и март 2005 година, интензивна ерупции се случила во Југоисточниот кратер во јули–декември 2006 година.  На 29 март, 11 април, 29 април и на 7 мај 2007 имало големи ерупции со исфрлање лавински фонтани. Пепел и стромболински експлозии започнале од отворите на источната страна на Југоисточниот кратер во средината на август 2007. На 4 септември 2007 година спектакуларна епизода на лавинска фонтана се случила од новиот отвор на источната страна на Југоисточниот кратер, заедно со чад, пепел и скорија која паднала на источната падина на вулканот. Лавата течела накај ненаселената област Вале дел Бове. Оваа ерупција се гледала и подалеку од Сицилија, а завршила следното утро од 5 до 7 часот наутро по локално време. Во текот на ноќта Аеродромот Катанија бил затворен за авиосообраќај заради безбедносни мерки на претпазливост.

Ерупција утрото на 13 мај 2008 година, веднаш до врвот на Етна на исток била придружена од рој од повеќе од 200 земјотреси и значајни земјени деформации на врвот. Ерупцијата продолжила со бавно намалување на стапката цели 417 дена, до 6 јули 2009 година, што ја прави најдолга падинска ерупција на Етна по онаа од 1991-1993 која траела 473 дена. Претходните ерупции, во 2001 година, 2002-2003 година, и 2004-2005 траеле 3 недели, 3 месеци и 6 месеци. Лавата течела 6.5 километри во текот на првите неколку дена од ерупцијата, но потоа стагнирала. Последните месеци течела само 1 км по падината надолу. Во јануари 2011 до февруари 2012 година, кратерот на врвот на Етна бил место на интензивна активност. Честите ерупции и пепелните столбови ги принудиле властите да го затворат аеродромот во Катанија во неколку наврати.[26][27][28][29][30][31] Во јули 2011 лавата од ерупцијата успешно била избегната.[32] Во 2014, лава потекла после стромболински ерупции на падините први по оние во 2008–09 [1]На 3 декември 2015, се случило ерупција која била најсилна помеѓу 03:20 и 04:10 по локално време. Од кратерот Вораџине избила фонтана од лава која достигнала 1 км височина, со вулкански чад висок 3 км.[33][34] Активноста продолжила следните денови а чадот достигнал и 7 км височина по што бил затворен аеродромот во Катанија.[35]

Ерупцијата на 16 март 2017 повредила 10 луѓе, вклучително и телевизиската екипа на ББС вестите, откако магмата експлодирала во допир со снег.[36][37]

Вулкански експлозивен индекс на последните ерупции[уреди | уреди извор]

На сите ерупции на Етна од јануари 1955 година им е доделен вулкански експлозивен индекс (VEI), согласно Глобалната вулканска програма.[38]

Вулкански експлозивен индекс за Планината Етна од јануари 1955
VEI Број на ерупции (вкупно=49)
VEI 0
1
VEI 1
17
VEI 2
24
VEI 3
7
Прстени од чад од Етна

Прстени од чад[уреди | уреди извор]

Во 1970 од Етна избиле прстени од чад,[39] настан кој е од исклучително ретка природа. Тоа повторно се случило и во 2000.[40] Снимка од настанот била направена на 8 јуни 2000 од страна на снимателот Џоф Мекли.[41][42] Уште еден таков настан бил забележан на 11 април 2013.[43]

Геополитичка невообичаеност[уреди | уреди извор]

Мапа на општините на провинцијата Катанија.

Границите на десет општини (АдраноБјанкавилаБелпасо, Бронте (од двете страни), Кастиљоне ди Сицилија, Малето, Николози, Рандацо, Сант'алфио, Ѕаферана Етнеа) заедно граничат сите едни со други на врвот на Планината Етна, со што ова е најкомплицираната геополитичка мулти-точка северно од Јужниот Пол.

Куќа проголтана од лавата на Етна

Плодност[уреди | уреди извор]

Планината Етна видена од југ

Падините на Етна се една од најгусто населените области на Сицилија.Иако реките од вулканска лава имаат огромна разорна моќ и уриват куќи, патишта или железнички пруги, тие течат само повремено и бавно и ретко има човечки жртви. Околината на Етна е привлечна за живот и покрај опасниот вулкан поради плодната почва. Тука вулканскиот пепел создава едно од најплодните земјишта. Се остваруваат и до пет реколти зеленчук илиовошје. Добро вирее и виновата лоза. Жителите на оваа богата почва повеќепати низ историјата се сочувале со катастрофи. Од ерупциите биле уништени живеалишта и села но истите биле повторно обнoвувани. Имало обиди за да се совлада ерупцијата во тек на историјата, но честопати залудно. Жителите на Катанија, се обиделе да го свртат текот на лавата, копајќи ендеци пред градот и користејќи ги постоечките ѕидини. Слични проблеми се појавиле и во поново време. Во текот на ерупциите во 1991-1992 град Ѕаферена бил евакуиран за неколку дена, а владиниот вулканолог Франко Барбиери истакнал дека најголемата опасност не се заканува од широките текови на лавата која брзо се стврднува, туку од тесните потоци, што брзо се пробиваат низ каналите и тунелите што сами ги отвораат и така избиваат на пониските делови.[44] Поради тоа биле ангажирани биле хеликоптери од италијанското воздухопловство и американски маринци за да фрлаат големи бетонски блокови, поврзани со синџири во каналите високо во планината и со динамит да ги уништуваат тунелите во пониските нивоа. За пилотите и екипажот на овие хеликоптери, летајќи низ гасови од пареа и чад, условите биле крајно опасни, но блоковите, сепак,биле прецизно поставени. Потоа блоковите паднале во делови од тунелите разурнати со динамит, ги преградиле и ја присилиле лавата да се прошири во повисоките падини каде што можела да се стврдне и да спречи создавање на нови потоци. По извесно време Ѕафарена била речиси сосема спасена.

Туризам[уреди | уреди извор]

Скијање на падините на планината Етна

Етна е една од најголемите туристички атракции на Сицилија, со илјадници посетители секоја година.[45] Највообичаен пат е оној кој води до скијачката област кој се протега јужно од кратерот на височина од 1910 m.[46] Има жичарница до 2500 m, од каде е пристапна кратерската област на 2920.[47] На Етна има два развиени ски центра.[48]

Самата област околу вулканот е богата со насади со винова лоза, портокали кои ги покриваат пониските падини, а потоа постепено ги заменуваат јаболка и цреши. Над нив се наоѓаат шумските падини со дабови, питоми костени, лешници и брези, а уште повисоко е областа со разлеана скаменета лава што ја обликувале временските услови. Во вулканската област не расте речиси ништо, освен планинско цвеќе и по некој сладок сицилијански козинец. Таму има области со вечен мраз. Во старо време мразот бил обвиткан со слоеви студена пепел и во лето го извезувале во Неапол и Рим каде што се употребувал за производство на сладолед, бидејќи тамошните благородници сметале дека тој производ е поважен од виновата лоза. Расчепеното ждрело на кратерот е обоено со оксиди и сулфати, а неговата длабочина непрекинато се менува во зависност од подигањето и спуштањето на грлото на вулканот. Сето тоа најдобро се гледа непосредно пред изгрејсонце, кога кратерот пулсира со вжарен сјај што на морепловците им служел за ориентирање уште од времето кога првите бродови пловеле по Средоземјето.

Етна над облаците

Патеписи[уреди | уреди извор]

  • Александар Дима таткото го раскажува своето качување на Етна во 1835 во Le Speronare, патепис објавен во 1842.
  • Ги де Мопасан го раскажува неговото качување на Етна во 1885 во Во Сицилија (француски: En Sicile), хроника објавена во 1886 и во 1890 интегрирана во Талкачки живот (француски: La Vie errante).
  • Жорж Батај, се искачил на Етна во 1937, и страници од неговиот дневник кој го пишувал таму вметнал во делото Виновник (Le Coupable) кое било објавено постхумно во 1961.

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Надморската височина на планината се разликува, зависно од вулканската активност. Често се среќава бројката 3.350 м, но оваа височина е приближна.
  2. „Mount Etna: BBC crew caught up in volcano blast“. http://www.bbc.com/news/world-europe-39293086. посет. 16 март 2017 г. 
  3. „Etna & Aeolian Islands 2012 – Cambridge Volcanology“ (на en-US). www.volcano.group.cam.ac.uk. http://www.volcano.group.cam.ac.uk/volcanoes/etna/. посет. 9 декември 2017 г. 
  4. „Italy volcanoes and Volcanics“. USGS. http://vulcan.wr.usgs.gov/Volcanoes/Italy/description_italy_volcanics.html. 
  5. Aelian, Hist. An. xi. 3, referenced under Aetnaeus in William Smith's Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology
  6. „Decade Volcanoes“. United States Geological Survey. http://vulcan.wr.usgs.gov/Volcanoes/DecadeVolcanoes/framework.html. 
  7. Mount Etna Becomes a World Heritage Site, Italy Magazine, 4 May 2013 
  8. According to Adrian Room’s book Place-names of the World, the name "Etna" originated from the Phoenician word attuna meaning "furnace" or "chimney". He dismisses the hypothesis that 'Etna' has a Greek derivation. „Volcano – Podictionary Word of the Day“. Blog.oup.com. 29 април 2010. http://blog.oup.com/2010/04/volcano/. посет. 2 јуни 2011 г. 
  9. „Woodhouse's English-Greek Dictionary Page Image“. Artflx.uchicago.edu. http://artflx.uchicago.edu/cgi-bin/efts/dicos/woodhouse_test.pl?pagenumber=1010&pageturn=1. посет. 2 јуни 2011 г. 
  10. Chevedden, Paul E. (2010), "A Crusade from the First: The Norman Conquest of Islamic Sicily, 1060–1091", Al-Masaq: Islam and the Medieval Mediterranean 22 (2), doi:10.1080/09503110.2010.488891 
  11. Massive Volcano Eruption at Mount Etna in 1669 Kills Thousands“, „New Historian“, 8 март 2017. (на en-US)
  12. „Biggest Ever Eruption : 1669 - Mount Etna Facts !“. sites.google.com. https://sites.google.com/site/mountetnafacts/main-facts-about-etna/biggest-ever-eruption-1669. посет. 9 декември 2017 г. 
  13. „1669 eruption of Etna“. www.italysvolcanoes.com. https://www.italysvolcanoes.com/ETNA_1669.html. посет. 9 декември 2017 г. 
  14. „Mount Etna Volcano, Italy: Map, Facts, Eruption Pictures“. geology.com. http://geology.com/volcanoes/etna/. посет. 9 декември 2017 г. 
  15. Martin-Schutz, Alicia. „Mt. Etna“. http://vulcan.wr.usgs.gov/Volcanoes/Italy/description_italy_volcanics.html. 
  16. Pareschi, M. T.; Boschi, E. & Favalli, M. (2007), "Holocene tsunamis from Mount Etna and the fate of Israeli Neolithic communities", Geophysical Research Letters 34: L16317, Bibcode:2007GeoRL..3416317P, doi:10.1029/2007GL030717 
  17. Tanguy, J. C.; Condomines, M.; Goff, M.; Chillemi, V.; Delfa, S.; Patanè, G.. Mount Etna eruptions of the last 2,750 years: Revised chronology and location through archeomagnetic and 226Ra-230Th dating. „Bulletin of Volcanology“ том  70: 55. doi:10.1007/s00445-007-0121-x. http://www.ipgp.fr/~legoff/Download-PDF/ArcheoItalia/TanguyetAl_Bull_Volc_2007.pdf. 
  18. Coltelli, M.; Del Carlo, P. & Vezzoli, L. (1998), "Discovery of a Plinian basaltic eruption of Roman age at Etna Volcano, Italy", Geology 26 (12): 1095–1098, Bibcode:1998Geo....26.1095C, doi:10.1130/0091-7613(1998)026<1095:DOAPBE>2.3.CO;2 
  19. Aeneid, edition of Theodore C. Williams, ca. 1908 [book III, lines 569–579]
  20. "Mount Etna (volcano, Italy)". (the Encyclopædia Britannica has been wrongly cited as one source of this false information).
  21. The Encyclopaedia Britannica 5th edition (1817) quotes from the eyewitness report of Lord Winchelsea, Ambassador to Constantinople, to the Court of England. It happens not to mention casualties. Encyclopaedia Britannica: Or, A Dictionary of Arts, Sciences, and Miscellaneous Literature, Enlarged and Improved. Vol. 1 (5th издание). Edinburgh: A. Constable. 1823. стр. 248–249. https://books.google.com/books?id=-icoAAAAMAAJ.  See also: Charles Hutton; Georges Shaw; Richard Pearson (1809). The Philosophical Transactions of the Royal Society of London, from Their Commencement, in 1665, to the Year 1800; Abridged...: From 1665 to 1672. 1. London. стр. 357–358; 383–387; 637–638. https://books.google.com/books?id=zPGomGMoQJoC&pg=PA383. 
  22. „Etna and Man“. Boris.vulcanoetna.it. архивирано од оригиналот на 22 јули 2011. https://web.archive.org/web/20110722070430/http://boris.vulcanoetna.it/ETNA_andman2.html. посет. 2 јуни 2011 г. 
  23. Duncan, A. M.; Dibben, C.; Chester, D. K.; Guest, J. E. (март 1996 г). The 1928 eruption of Mount Etna volcano, Sicily, and the destruction of the town of Mascali. „Disasters“ том  20 (1): 1–20. ISSN 0361-3666. PMID 8867507. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8867507. 
  24. Barberi, F.; Carapezza, M. L.; Valenza, M.; Villari, L. (1993), "The control of lava flow during the 1991–1992 eruption of Mt. Etna", Journal of Volcanology and Geothermal Research 56 (1–2): 1–34, Bibcode:1993JVGR...56....1B, doi:10.1016/0377-0273(93)90048-V 
  25. „press_text_booklet.indd“ (PDF). http://hollywoodjesus.com/movie/star_wars_ep_3/notes.pdf. посет. 2 јуни 2011 г. 
  26. Italy's Mt Etna erupts | WORLD News
  27. Ken Kremer (15 јануари 2011). „Spectacular Eruptions of Mt. Etna in Sicily from Space and Earth“. Universetoday.com. http://www.universetoday.com/82516/spectacular-eruptions-of-mt-etna-in-sicily-from-space-and-earth/. посет. 2 јуни 2011 г. 
  28. There she blows! Stunning images of Mount Etna eruption, Mirror, 9 February 2012 
  29. Eruption of Mt. Etna closes airport in Catania, Agi.it, 23 October 2011 
  30. „INGV – Etna Observatory“. Ct.ingv.it. http://www.ct.ingv.it/index.php?option=com_content&view=article&id=363. посет. 2 јуни 2011 г. 
  31. „BBC News – Footage shows Mount Etna spewing lava and ash“. Bbc.co.uk. 12 мај 2011. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-13381243. посет. 2 јуни 2011 г. 
  32. Airport closed as Etna blows on, Daily Mail, 3 April 2013 
  33. Klemetti, Erik. „Italy’s Etna Unleashes a Short but Spectacular Eruption“, „Wired“, 3 декември 2015 (посет. 3 декември 2015 г).
  34. „Etna volcano – eruption update“. Volcano Discovery. 3 декември 2015. http://www.volcanodiscovery.com/etna/current-activity.html. посет. 3 декември 2015 г. 
  35. Etna show, nuova fontana di lava: non si ferma l’emissione di cenere“, „Corriere della Sera“, 4 декември 2015 (посет. 5 декември 2015 г). (на it)
  36. Balmer, Crispian. „Volcanic explosion on Mount Etna injures 10 people“, „Reuters“, 16 март 2017 (посет. 16 март 2017 г).
  37. Mount Etna: BBC crew caught up in volcano blast“, „BBC News“, 16 март 2017. (на en-GB)
  38. „Global Volcanism Program: Etna“. Smithsonian Institution, National Museum of Natural History. http://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=211060. посет. 26 октомври 2016 г. 
  39. Smoke rings generated by eruptions of Etna volcano
  40. Etna hoops it up“, BBC News, 31 март 2000 (посет. 9 октомври 2008 г).
  41. Erupting Mt. Etna coughs up a smoke ring“, WJLA (ABC) Storm Watch 7, 16 август 2011 (посет. 15 април 2013 г).
  42. Geoff, Mackley. „Mt Etna – Sicily, Italy – the greatest show on earth !“. Geoff Mackley. http://www.emergency.co.nz/archive/etna.html. посет. 15 април 2013 г. 
  43. Mount Etna blows smoke rings during volcanic eruptions“, NBC News, 12 април 2013 (посет. 15 април 2013 г).
  44. L' ETNA SI RISVEGLIA, TORNA LA PAURA - la Repubblica.it“, „Archivio - la Repubblica.it“. (на it)
  45. Etna National Park, Italy, National Geographic Travel 
  46. Rifugio Sapienza: who we are 
  47. Funivia dell'Etna, Lonely Planet 
  48. Skiing Mount Etna: Hit the slopes one day, sail the next, Telegraph, 12 March 2010 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]