Авачински (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Авачински
Avachinsky Volcano.jpg
Авачински
Највисока точка
Надм. вис.2741 м [1]
Истакнатост1550 м
Заведена какоUltra
Координати53°15′18″N 158°49′48″E / 53.25500° СГШ; 158.83000° ИГД / 53.25500; 158.83000Координати: 53°15′18″N 158°49′48″E / 53.25500° СГШ; 158.83000° ИГД / 53.25500; 158.83000[1]
Географија
МестоКамчатски крај, Русија
Геологија
Старост на карпатаПлеистоцен
Видстратовулкан
Последен избув2008[1] [2]

Авачински (исто така познат како Авача или Вулкан Авача) — активен стратовулкан на полуостровот Камчатка на Далечниот Исток во Русија. Се наоѓа во близина на главниот град на Камчатка, Петропавловск Камчатски. Заедно со соседниот вулкан Корјакски, тој е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи, земајќи ја во предвид неговата историја на експлозивни ерупции и близината до населените места.

Последната ерупција на Авачински се случила во 2008 година. Оваа ерупција била мала во споредба со вулканската ерупција со Показател на вулканска избувност од 4 во 1945 година.

Геолошка историја[уреди | уреди извор]

Авачински се наоѓа на Тихиот Океан во точката каде Тихоокеанската Плоча доаѓа до допир со Евразиската Плоча со стапка од околу 80 милиметри годишно.

Вулканот е еден од најактивните вулкани на полуостровот Камчатка, и започнал да еруптира од средината до крајот на плеистоценската ера. Има купа во облик на потковица, која се формирала пред 30-40.000 години по едно големо лизгање на земјиштето кое покривало површина од 500 км2 јужно од вулканот. Реконструкцијатата на новиот конус во купата се случила во две фази на ерупцијата, пред 18.000 и 7.000 години.[3][4][5]

Скорешна активност[уреди | уреди извор]

Авачински избувнал најмалку 16 пати во запишаната историја. Ерупциите генерално биле експлозивни, а пирокластичните текови и лахари имаале тенденција да бидат насочени кон југ од страна на нарушената купа. Најновата голема ерупција (VEI=4) се случила во 1945 година, кога околу 0,25 км2 магма била исфрлена. Вулканот оттогаш имал помали ерупции во 1991 и 2001 година.

Вулканот продолжува да се соочува со чести земјотреси, и многу фумароли постојат во близина на врвот. Температурата на гасовите што се емитираат на овие фумароли се над 400° C. Авачински бил прогласен за Декаден вулкан во 1996 година, заедно со блискиот вулкан Корјакски.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Avachinsky“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. конс. 2010-03-05.  (англиски)
  2. Avachinsky volcano on VolcanoDiscovery
  3. Droznin, D.; Levin, V.; Park, J.; Gordeev, E. (2002), „Detailed Mapping of Seismic Anisotropy Indicators in Southeastern Kamchatka“, American Geophysical Union, Fall Meeting 2002 .
  4. Levin, V.; Park, J.; Gordeev, E.; Droznin, D. (2002), „Complex Anisotropic Structure of the Mantle Wedge Beneath Kamchatka Volcanoes“, American Geophysical Union, Fall Meeting 2002 .
  5. Taran, Y. A.; Connor, C. B.; Shapar, V. N.; Ovsyannikov, A. A.; Bilichenko, A. A. (1997), „Fumarolic activity of Avachinsky and Koryaksky volcanoes, Kamchatka, from 1993 to 1994“, Bulletin of Volcanology 58 (6): 441–448, Bibcode:1997BVol...58..441T, doi:10.1007/s004450050152 .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]