Санторини (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Купа Санторини
Santorini Caldera Landsat.jpg
Санторини од вселената
Највисока точка
Координати36°23′44″N 25°27′33″E / 36.39556° СГШ; 25.45917° ИГД / 36.39556; 25.45917Координати: 36°23′44″N 25°27′33″E / 36.39556° СГШ; 25.45917° ИГД / 36.39556; 25.45917
Географија
МестоЕгејско Море, Грција
Геологија
ВидКупа (активна)
Последен избувјануари до февруари 1950

Купа Санторини — голема, претежно потопена купа, која се наоѓа во јужниот дел на Егејското Море, 120 километри северно од Крит во Грција. Видлива над водата е единствено кружната островска група Санторини, која се состои од Санторини како главен остров, Тиразија и Аспрониси на периферијата, и Неа Камени во центарот.

Географија[уреди | уреди извор]

Санторини.

Купата има должина од околу 12 на 7 километри, со 300 метри високи стрмни карпи на три страни.

Постојат два мали вулкански острови во центарот на калдерот, Неа Камени и Палеа Камени.

Главниот остров, Санторини, има површина од 75,8 км2, Тиразија 9,3 км2 и ненаселените острови Неа Камени 3,4 км2 и Палеа Камени 0,5 км2 и Аспрониси 0.1 км2,.

Извонредната убавина на високите ѕидови на Санторини, покриени со бели градби, во комбинација со сончевите климатски услови и совршените панорами, островот го направиле една од најголемите туристички атракции во Егејското Море[1].

Геологија[уреди | уреди извор]

Јужноегејскиот вулкански лак ги вклучува вулканите Метана, Милош, Санторини и Нисирос.

Јужноегејскиот вулкански лак ги вклучува вулканите Метана, Милош, Санторини и Нисирос. Тој ја означува субдукцијата на Африканската тектонска плоча под Егејската подлога на Евроазиската тектонска плоча. Се карактеризира со земјотреси на длабочина од 150-170 километри[2].

Камените острови во центарот на купата се направени од лавински карпи.

Вулканологија[уреди | уреди извор]

Санторини.

Купата е составена од вулкани кои се преклопуваат со штит. Постојат најмалку четири делумно прекриени купи, од кои најстарата јужна купа била формирана околу 180.000 години пред сегашноста. Следната купа Скарос била создадена околу 70.000 години пред сегашноста, а Кејп Рива околу 21.000 години пред сегашноста. Сегашната купа била формирана околу 3600 години пред сегашноста за време на Минојската ерупција[3].

Палеа Камени и Неа Камени се формирани како резултат на повеќекратни, првично подморски ерупции во центарот на купата[4].

Иако е заспан, Санторини е активен вулкан. Бројни мали и средни, главно ефузивни ерупции изградиле темни лавински штитови на Неа и Палеа Камени во внатрешноста на купата.

Неговата последна ерупција била во 1950 година, и денес се случува единствено фумаролошка активност, пред сè во рамките на неодамнешните активни кратери[1]. ГПС инструментите регистрирале обновени деформации околу купата во 2011 и 2012 година[5].

Големата Минојска ерупција на Санторини во 17 век п.н.е. можеби ја инспирирала легендата за Атлантида[6]. Ерупцијата се претпоставува дека имала показател на вулканска избувност од 7, што е највисока оценка за историска ерупција[7].

Историски ерупции[уреди | уреди извор]

Следува спиосок на главните еруптивни настани на Санторини, започнувајќи од катастрофалната Минојска ерупција:

[8]

Почеток на ерупцијата Крај на ерупцијата Карактеристика на ерупцијата
1610 п.н.е. ± 14 години
(Минојска ерупција)
непознато Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, пирокластични текови и пирокластични бранови, фреквентни експлозии, голема физичка штета, масовна лавинска фонтана и обемен лавински проток, колапсна купата, смртни случаи, масовна евакуација.
197 п.н.е. непознато Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција,
31 декември 46 1 февруари 47 ± 30 денови Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола, цунами.
15 јули 726 непознато Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола.
1570 1573 Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола.
27 декември 1650 6 декември 1650 Ерупција на регионална пукнатина, подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавински текови, смртни случаи, оштетување, цунами.
23 мај 1707 14 септември 1711 Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавински текови, оштетување.
26 јануари 1866 15 октомври 1870 подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавински текови, смртни случаи, оштетување, евакуација.
11 август 1925 17 март 1928 Ерупција на централниот отвор, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола.
20 август 1939 2 јули 1941 ± 1 ден Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола, оштетување.
10 јануари 1950 2 февруари 1950 Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, експлозивна ерупција, лавински текови, намалување на лавинска купола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Introduction – Santorini Volcano“. конс. 2011-04-19. 
  2. „Tectonic setting of Santorini“. конс. 2011-04-20. 
  3. „Santorini, Summary“. Smithsonian Global Volcanism Program. конс. 2011-04-19. 
  4. „Santorini Volcanic Caldera, Greece“. конс. 2011-04-19. 
  5. MSNBC "Volcano on scenic Greek island getting a little restless 3 March 2012
  6. Sparks, R. S. J.. Friedrich, W. L. 2000. Fire in the Sea. The Santorini Volcano: Natural History and the Legend of Atlantis. „Geological Magazine“ (Cambridge University Press) том  137 (5): 593. doi:10.1017/s0016756800224618. http://geolmag.geoscienceworld.org/content/137/5/593.short. 
  7. „Large Volcano Explocivity Index“. Countries of the World. конс. 2011-03-29. 
  8. „Santorini, Eruptive History“. Smithsonian Global Volcanism Program. конс. 2011-04-19.