Лахар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лахар од вулканот Пинатубо

Лахар – вид на каллив тек или тек на дробина, составен од кашеста маса од пирокластичен материјал, дробина од стени и вода. Овој материјал се движи од вулканот, обично по речна долина.[1]

Лахарите се крајно деструктивни, може да се движат со брзина од десетици метри во секунда, да бидат длабоки и 140 метри и да уништат каква било структура на нивниот пат. Најпознати се Пинатубо и Невадо дел Руис, а последниов убил илјадници луѓе.

Опис[уреди | уреди извор]

Лахар е индонезиски збор кој означува вулкански калливи текови и текови на дробина. Лахарите имаат иста цврстина и вискозитет, како и многу слична густина како бетонот. Додека течна, тие се течни, но штом застанат стануваат цврсти. Лахарите можат да формираат своја патека, без разлика дали таа е веќе предиспонирана со некоја структура. Овој факт ја отежнува можноста за предвидување на правецот и брзината на движење на овие текови. Вискозитетот на лахарите се смалува со време и со количината на дожд, иако калта зацврстува набрзо после запирањето на текот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lahar“. USGS Photo Glossary. http://volcanoes.usgs.gov/images/pglossary/lahar.php. посет. 13 декември 2017 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука
  • Schmincke, H. U. 2004. Volcanism. New York: Springer ISBN 3-540-43650-2


Надворешни врски[уреди | уреди извор]