Тал (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тал
Bulkang Taal
Taal Volcano aerial 2013.jpg
Тал
Највисока точка
Надм. вис.311 м [1]
Координати14°0′7″N 120°59′34″E / 14.00194° СГШ; 120.99278° ИГД / 14.00194; 120.99278Координати: 14°0′7″N 120°59′34″E / 14.00194° СГШ; 120.99278° ИГД / 14.00194; 120.99278
Географија
МестоТалисај и Сан Николас, Батангас, Лузон, Филипини
Геологија
Видсложен вулкан
Вулкански лак/појасMacolod Corridor
Последен избувоктомври до ноември 1977
Искачување
Најлесен патDaang Kastila

Тал (филипински: Bulkang Taal) — сложен вулкан кој се наоѓа на островот Лузон на Филипините[1]. Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро. Езерото делумно ја исполнува купата на вулканот, која била формирана од праисториски ерупции помеѓу 140.000 и 5.380 пред сегашноста[2]. Гледано од Тагајтај, вулканот и езерото претставуваат еден од најживописните и привлечни погледи на Филипините[3] . Се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град на земјата, градот Манила.

Вулканот имал неколку насилни ерупции во минатото, предизвикувајќи губење на животот на островот и населените области околу езерото, при што бројката на загинати се проценува на околу 5.000 до 6.000. Поради близината кон населените области и нејзината еруптивна историја, вулканот е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи. Сите вулкани на Филипините се дел од Пацифичкиот огнен прстен.

Етимологија[уреди | уреди извор]

До 1821 година, вулканот Тал бил исто така бознат и како Бомбоу[4].

Географија[уреди | уреди извор]

Вулканот и езерото се целосно лоцирани во провинцијата Батангас. Северната половина од Вулкански Остров спаѓа под јурисдикција на градот Талисај на брегот на езерото, а јужната половина на Сан Николас. Другите заедници кои го опкружуваат ги вклучуваат градовите Танауан и Липа и општините Талисај, Лорел, Агончило, Санта Терезита, Алитагтаг, Куенка, Балете и Матас на Кахој[5].

Постојаното населување на островот е забрането од Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија или PHIVOLCS, прогласувајќи го целиот вулкански остров како област со висок ризик и постојана опасната зона (PDZ)[6]. И покрај предупредувањата, сиромашните семејства се населиле на островот, ризикувајќи ги своите животи, заработувајќи за живот од риболов и земјоделски култури од богатите вулкански почви[7][8][9][10].

Вулканска Точка[уреди | уреди извор]

Кратерското езеро на Вулкански Остров е најголемото езеро во светот кое се наоѓа во езеро на самиот остров[11]. Освен тоа, ова езеро ја содржи т.н. Вулканска Точка, мал карпест остров што е остаток од стариот кратер, кој сега е опкружен со широкото езеро од 2 километри и кое сега се нарекува како главно кратерско езеро. Вулканска Точка често се наведува како најголем остров од трет ред (остров во едно езеро на островот во езеро на островот), иако исто така се тврди дека исто е именуван и едејн канадски остров кој се наоѓа на островот Викторија[12][13].

Скорешна активност[уреди | уреди извор]

Станица за мониторинг на островот Тал Вулкан.

Иако вулканот е заспан од 1977 година, тој покажал знак на активирање од 1991 година, со силна сеизмичка активност. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (PHIVOLCS) редовно издава известувања и предупредувања за актуелната активност во вулканот, вклучувајќи ги и сеизмичките немири кои се во тек[14].

2011[уреди | уреди извор]

Од 9 април до 5 јули[15], нивото на предупредување за вулканот било зголемено од 1 на 2 за единаесет недели поради зголемената сеизмичност на вулканот. Фреквенцијата достигнала околу 115 тремори на 30 мај со максимален интензитет на IV, придружени со звуци на татнеж. Магмата навлегувала кон површината, како што укажува и континуираната висока стапка на емисии на CO2 во главното кратерско езеро и одржлива сеизмичка активност. Теренските мерења на 24 мај 2011 година покажале дека температурата на езерото е малку зголемена, pH вредностите се малку повеќе кисели и нивото на водата е 4 сантиметри повисоко. Истражувањето за деформација на земјата, направено околу Вулканскиот Остров, од 26 април до 3 мај 2011 година, покажало дека вулканското здание е надуено помалку во однос на истражувањето од 5 до 11 април 2011 година.[16]

2010[уреди | уреди извор]

На 8 јуни, PHIVOLCS го подигнал статусот на вулканот на ниво 2[17], што укажува дека вулканот се соочува со магматски интрузија, што на крајот може да доведе до ерупција. PHIVOLCS ја потсетил јавноста дека главниот кратер останува надвор од границите, бидејќи може да се појават опасни експлозии на пареа, заедно со можното зголемување на отровните гасови. Областите со топла земја и емисија на пареа, како што се делови од патеката Daang Kastila, се сметале за опасни[18]. Во периодот од 11-24 мај, температурата на кратерското езеро се зголемила за 2-3 ° C. Составот на водата на главното кратерско езеро покажало над нормални вредности на Mg/Cl, SO4/Cl. На 26 април, вулканската сеизмичност се зголемила.

Еруптивна историја[уреди | уреди извор]

Кратерот Бининтјанг Малаки

Во Тал се регистрирани 33 ерупции од 1572 година. Првата ерупција на која има било каков запис се случила во 1572 година, кога августинските монаси го основале градот Тал на бреговите на езерото (денеска Сан Николас, Батангас). Во 1591 година, се случила друга блага ерупција на која биле прикажани огромни маси на чад што излегле од кратерот. Од 1605 до 1611 година, вулканот имал многу голема активност[19].

Помеѓу 1707 и 1731, центарот на активност се префрлила од главниот кратер на други делови на вулканскиот остров. Ерупциите од 1707 и 1715 година се случиле во кратерот Бининтјанг Малаки. Мали ерупции исто така произлегле од кратерот Бининтанг Мунти на најзападниот врв на островот во 1709 и 1729 година. Насилствен настан се случил на 24 септември 1716 година, кога целиот југоисточен дел на кратерот (Калаит), спроти планината Маколод, бил разнесен. Ерупцијата од 1731 година од Пира-Пирасо или источниот врв на островот создал нов остров. Не се направени студии за да се утврди дали Напајон или Бубуин бил формиран во ерупција.

Активноста се вратила во Главен кратер во 1749 година, и била запаметена поради тоа што била особено насилна (VEI = 4). Потоа дошла големата ерупција од 200 дена во 1754 година, најголема ерупција на вулканот.[20][19].

Потоа вулканот останал тивок 54 години, освен помали ерупции во 1790 година. Но до март 1808 се случила уште една голема ерупција. Додека оваа појава не била толку насилна како онаа во 1754 година, непосредната околина била прекриена со пепел на длабочина од 84 сантиметри. Оваа ерупција придонела за промени во внатрешноста на кратерот, според хроничарите од тоа време.

На 19 јули 1874 година, ерупцијата на гасови и пепел го уништила целиот добиток на островот. Од 12-15 ноември 1878 година, пепелот исфрлен од вулканот го опфатил целиот остров. Друга ерупција се случила во 1904 година, поради што бил формиран нов излез во југоисточниот ѕид на главниот кратер. Последната ерупција од главниот кратер била во 1911 година, која го создала сегашното езеро. Во 1965 година, огромна експлозија отсечила огромен дел од островот, преместувајќи ја активноста во нов центар за ерупции, Монт Табаро.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Taal Volcano“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. конс. 2013-02-13.  (англиски)
  2. "Taal Volcano", PHIVOLCS, retrieved on 2012-12-03 (archived from the original on 2008-09-12)
  3. Herre, Albert W. (1927-12-14); "The Fisheries of Lake Taal, Luzon and Lake Naujan", Philippine Journal of Science, Vol. 34, No. 3, pp.287–303, 1927
  4. Roberts, Edmund (1837). Embassy to the Eastern Courts of Cochin-China, Siam, and Muscat. New York, NY: Harper & Brothers. стр. 60. https://www.wdl.org/en/item/7317/view/1/60/. 
  5. (2011) "The Province map", Provincial Government of Batangas Web Site
  6. „NDCC Orders Close Watch on Mayon, Taal Volcanoes“. GMA News Online. July 21, 2009. конс. 2011-02-13. 
  7. kostito (2009-12-13); "Photo – Taal Volcano Island", Panoramio, retrieved on 2011-03-26
  8. mharada (2008-02-02); "Photo – Calauit, eastern shore of Volcano Island", Panoramio, retrieved on 2011-03-26
  9. vanpoperynghe (2006-11-08); "Photo – Le Volcan Taal 13", Panoramio, retrieved on 2011-03-26
  10. Anuar T (2010-03-15); "Photo – Buco, Volcano Island. Sundown", Panoramio, retrieved on 2011-03-26
  11. „Some interesting islands and lakes“. Elbruz. конс. 2014-02-01. 
  12. „This ridiculous little island won’t BLOW your mind, but it will BEND it…“. конс. 12 February 2016. 
  13. „World's Largest Island-in-a-lake-on-an-island-in-a-lake-on-an-island Seen on Google Earth“. конс. 12 February 2016. 
  14. „Alert level 2 raised at Taal volcano“. The Philippine Star. June 9, 2010. конс. 2011-02-13. 
  15. "Taal Volcano Bulletin 09 April 20117:00 A.M.", PHIVOLCS, retrieved on 2012-12-15
  16. Philippine Institute of Volcanology and Seismology (28 May 2011). „Taal Volcano Bulletin“. PHIVOLCS Website. Department of Science and Technology. конс. 28 May 2011. 
  17. PHIVOLCS Taal Volcano Advisory, 8 Jun 2010
  18. 6,000 Taal villagers told to move out Philippine Daily Inquirer, 2010-06-09
  19. 19,0 19,1 Lyons, Norbert (1922-09); "Taal, One of the World's Great Volcanoes", American Chamber of Commerce Journal, Philippine Islands, p. 7 Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  20. Taal Flyer, Philippine institute of Volcanology and Seismology, retrieved on 2010-11-27

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Commons-logo.svg
Ризницата има слики и снимки поврзани со: