30 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< мај >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

30 мај е 150-иот ден во годината според григоријанскиот календар (151-и во престапна година). Остануваат 215 денови до крајот на годината.

Настани:

1498  Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1969  Гибралтар добил статус на британски доминион со внатрешна самоуправа.
1973  Западна Германија и Чехословачка потпишале Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981  Во Бангладеш, во обидот за државен удар, бил убиен претседателот Ајаур Рахман.
1998  Во земјотресот, што ја зафатил северната авганистанска покраина Тахар, загинале најмалку три илјади лица.

Родени:

1220  Александар Невски — голем кнез на Новгород и Владимир и руски светец.
1845  Амадеј Iкрал на Шпанија.
1876  Владимир Назор — хрватски писател.
1896  Хауард Хокс — американски филмски режисер.
1922  Александар Матковски — прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1928  Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба
1932  Хозе Мело — филипински правник.
1934  Алексеј Леонов — советски космонаут.
1936  Димитар Димитров — македонски поет.
1937  Љубиша Георгиевски — македонски политичар и филмски и театарски режисер.
1946  Драган Џаиќ — српски и југословенски фудбалер.
1949  Симјон Симев — македонски поет.
1950  Саво Костадиновски — македонски поет.
1950  Бертранд Делано — градоначалник на Париз.
1951  Здравко Чолиќ — босанско-српски поп-пејач.
1955  Топер Хедон — англиски рок-музичар.
1959  Блаж Слишковиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1964  Венко Андоновски — македонски писател.
1973  Лариса Косорукова — израелска кану-спринтерка.
1974  Николина Кујача — македонска актерка.
1981  Девендра Банхарт — фолк-рок кантавтор и музичар.

Починале:

1431  Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.).
1574  Шарл IXкрал на Франција.
1594  Балинт Балаши — ренесансен лирски поет, основач на модерната унгарска лирика.
1640  Петар Паул Рубенс — фламански сликар.
1744  Александар Поуп — англиски поет.
1778  Франсоа Волтер — француски писател, историчар и филозоф.
1905  Боривоје Јовановиќ-Брана — војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1918  Георгиј Валентинович Плеханов — руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог.
1960  Борис Пастернак — руски и советски писател.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември