Прејди на содржината

Александар Матковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Матковски
Роден 30 мај 1922
Крушево, Кралство СХС
Починал 15 април 1992(1992-04-15) (возр. 69)
Скопје, Македонија
Занимање историчар

Александар Матковски (влашки: Leko Matku, Леко Матку; Крушево, 30 мај 1922 - Скопје, 15 април 1992 ) — македонски историчар и прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.

Подолго време (до 1936 година), тој живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје.[1] Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2 јуни 1942 година, и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и Идризово (Скопско, до 29.VII.1944)[1]. По бегството од затворот, тој се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ[1]. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето[1]. Завршил Учителска школа 1947 година во Скопје. Во 1949 година, тој ја завршил Вишата педагошка школа во Белград. Тој дипломирал по смерот Историја на Филозофски факултет во Скопје, во 1951 година. Во 1957 година, тој ја одбранил докторската дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ во Загрепскиот универзитет. Дополнително, во 1961 година, тој го завршил смерот Ориентална филологија на Филолошкиот факултет во Белград. Тој бил добитник на повеќе награди и признанија. Тој станал член на МАНУ во 1985 година.

Објавени дела

[уреди | уреди извор]
Грб на Македонија од почетокот на XVI век од грбовник од книгата на Матковски
Научен труд Уште една Мариовска буна (1688/89 г.) од Александар Матковски

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 Блаже Ристовски, уред. (2009). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 928. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).