Иван Катарџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Катарџиев
Иван Катарџиев.jpg
Иван Катарџиев
Роден6 мјануари 1926
с. Плоски, Пиринска Македонија
Починал1 декември 2018
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
ПолињаОпштествени науки, историја, филологија
УстановиИнститут за национална историја, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
ОбразованиеФилозофски факултет - Скопје, Универзитет во Загреб
ТезаСерската област (1780–1879). Економски, политички и културен преглед“ (1959)

Иван Катарџиев (с. Плоски, Пиринска Македонија, Бугарија, 6 јануари 1926 - Скопје, Македонија, 1 декември 2018) — македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик. Од 1972 до 1978 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1]

Научно дело[уреди | уреди извор]

Иван Катарџиев е истакнат научник со вонредно богат научен опус во областа на историските науки. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој е автор на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на 19 и од првата половина од 20 век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]