Ѓорги Поп-Атанасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ѓорѓи Поп-Атанасов)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓорги Поп-Атанасов
Ѓорѓи Поп-Атанасов.jpg
Роден/а10 ноември 1940
Македонија, Елешница, Разлошко, Пиринска Македонија
Занимањеисторичар на книжевност, теолог, археограф, старословенист


Ѓорги Поп-Атанасов — македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ.

Живот[уреди | уреди извор]

Роден е во село Елешница, Разлошко, Пиринска Македонија. По стекнувањето богословско образование во Софија во Бугарија, работел во администрацијата на Неврокопската епархија во Благоевград, каде бил под постојани притисоци поради неговата македонска етничка припадност. Ваквите причини го натерале во 1972 година да емигрира во Република Македонија[1], каде се вработува во административните служби на Македонската православна црква во времето на Архиепископот Доситеј. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје[1]. За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година.

Дело[уреди | уреди извор]

Книгата „Македонската глаголица“ (2015) од акад. Ѓорги Поп-Атанасов со детален приказ и објаснувања на сите глаголски букви и ракописи напишани и најдени во Македонија (кликнете за да го отворите во целост)

Работел како редовен професор на Православниот богословски факултет во Скопје, каде предава староеврејски јазик а ги предавал и другите предмети од Стариот завет. Во својата истражувачка работа најголемо внимание им посветува на темите од областа на средновековното македонско книжевно наследство, поради што неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска литература[1]. Позначајни негови објавени дела се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Стојческа - Антиќ, Вера (2009) (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1181. ISBN 978-608-203-023-4 (1).