Драгослав Митриновиќ
| Драгослав Митриновиќ | ||
| Роден | 23 јуни 1908
Смедерево, Кралство Србија | |
|---|---|---|
| Починал | 2 април 1995
Белград, Србија, СР Југославија | |
| Националност | Србин (1908-1915/1918) Југословен (1918-1992) СР Југословен (1992-1995) | |
| Народност | Србин | |
| Занимање | универзитетски професор, академик | |
Драгослав Митриновиќ (Смедерево, 23 јуни 1908 - Белград, 2 април 1995 ) – југословенски универзитетски професор, математичар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Митриновиќ завршил студии по математика во 1932 година, а докторирал во 1933 на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 година, тој работел како професор во гимназија, а во ноември истата година, од страна на Матичната комисија на Филозофскиот факултет, тој бил именуван за вонреден професор. Од 1951 бил вонреден, а од 1956 година, за редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград. Тој бил основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во Македонија и автор на огромен број научни трудови и универзитетски учебници.
Во 1991 година, тој бил избран за член на Македонската академија за наука и уметност надвор од работниот состав.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Учебници:
- Зборник математичких проблема са прилозима у нумерички таблицама (три тома), Београд, 1957– 1960;
- Д. С. Митриновић, Д. Михајловић, Линеарна алгебра – Аналитичка геометрија – Полиноми (во подоцнежните изданија – и П. Васић), Београд, 1959;
- Д. С. Митриновић, Д. Ђоковић, Специјалне функције, Београд, 1964;
- Комплексна анализа, Београд, 1967;
- Митриновић, Ј. Кечкић, Једначине математичке физике, Београд, 1972.
Монографии:
- D. S. Mitrinovic, E. S. Barnes, D. C. B. Marsh, J. R. M. Radok, Elementary Inequalities, Groningen 1964; *Nejednakosti, Beograd, 1965;
- D. S. Mitrinovic, R. B. Potts; Elementary matrices, Groningen, 1965;
- D. S. Mitrinovic, J. Ulcar, Differential geometry, Groningen, 1969;
- D. S. Mitrinovic, P. Vasic, Analytic Inequalities, Springer Berlin-Heidelberg-New York, 1970.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 968. ISBN 978-608-203-024-1.
- Родени во 1908 година
- Луѓе од Смедерево
- Починати во 1995 година
- Починати во Белград
- Српски математичари
- Српски средношколски професори
- Српски универзитетски професори
- Српски учебникари
- Југословенски математичари
- Југословенски учебникари
- Југословенски средношколски професори
- Југословенски универзитетски професори
- Српски академици
- Математичари од 20 век
- Професори на УКИМ
- Академици на МАНУ
- Апсолвенти на Белградскиот универзитет
