Никола Узунов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
NIKOLA UZUNOV.tif
Роден 12 август 1930
Емборе, Кожанско, Егејска Македонија
Починал 2 ноември 2010
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање економист

Никола Узунов (Емборе, Кожанско, Егејска Македонија, 12 август 1930 - Скопје, 2 ноември 2010) — виден македонски економист, општественик, политичар, економист, академик на МАНУ и универзитетски професор[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

12 август 1930 година во село Емборе, Кожанско (или Кајларско) Егејска Македонија. Основното образование го завршил во Солун, средното во Скопје, економски факултет во Загреб, а докторирал на Економскиот факултет во Белград во 1959 година. По завршувањето на Економскиот факултет во Загреб, се вработил како асистент на Економскиот факултет во Скопје, каде што подоцна станува редовен професор. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1979 година. Бил секретар на Одделението за општествени науки при МАНУ во периодот 1992 до 1999 година. Исто така, бил избран и за претседател на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Никола Узунов имал високи политички позиции во Социјалистичка Република Македонија. Тој бил претставник во Републичкикото Собрание (1967-1973) и член на Извршниот комитет (владата) на СРМ (1967-1971). Претседател и член на експертски економски совети на владите на СРМ и СФРЈ во 1980-тите години.[2] Добитник е и на највисоката награда за наука и култура на Македонија „11 Октомври" за вонредни придонеси во науката и културата. Починал на 2 ноември 2010 година во Скопје[3].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • 1977, Основите на регионализацијата и контурите на идните региони во СР Македонија
  • 2001, Economy of the Republic of Macedonia, 1945-1990
  • Мигрена
  • целосен преглед

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Летопис на Македонската академија на науките и уметностите. Скопје: МАНУ. 2002. 
  2. Македонска енциклопедија. Скопје, 2009, т. ІІ, 1527.
  3. „Почина академик Никола Узунов“. А1. 02.11.2010 14:39. конс. 2010-11-03.