Ристо Аврамовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ристо Аврамовски.jpg
Роден 20 август 1943
Селци, Струшко
Починал 7 јули 2002
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање композитор


Ристо Аврамовски (Селци, Струшко, 20 август 1943 - 7 јули 2007) македонски композитор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Аврамовски e роден е во с. Селци, Малесија на 20 Август 1943 год. Со музичко образование се стекнува уште во најмладата возраст учејќи виолина. Подоцна учи композиција кај проф. Властимир Николовски, а со високо образование се стекнува на факултетот за музичка уметност во Белград, на одделот за композиција во класата на проф. Енрико Јосиф. Аврамовски е автор на голем број хорски творби, суити, сонати, варијации, циклуси и други слободни форми, како и на дела камерната, симфониската, вокално - инструменталната, балетска и оперска музика. Од неговиот значаен опус (кој опфаќа над сто и педесет наслови) ќе ги споменеме само следниве творби: "третата, четвртата, седмата и осмата симфонија", "двата концерта за виолина и оркестар", "двата концерта за пијано и оркестар", "Психофонија", "Библиофонија", "Канон", "Еволуција", "Соната за две пијана", вокалниот циклус "Тишина", "Три исповедни молитви за пијано", "Гудачкиот квартет бр. 2 (Берлински)", вокално - инструменталниот циклус "Азбуки", кантатата "Егзодус", "Сонатата за виолина и пијано", како и две опери "Болен Дојчин" и "Лидија од Македонија". Творештвото на Аврамовски е изведувано на сцените во сите европски држави, како и во Австралија, Јужна и Северна Америка, Руската Федерација, Азија како и на многу значајни фестивали во странство и дома. Неговото музичко творештво е издадено на албуми од 6 плочи, како и на 10 компакт диска. Неговите дела се издадени во над 50 самостојни партитури и албуми во земјава и во странство (Peters). За својот долгогодишен опус и придонес во творештвото Аврамовски е добитник на поголем број стручни и општествени награди и признанија, како и наградата 11 Октомври за животно дело, сребрен орден за заслуги како и меѓународни награди и признанија. Ристо Аврамовски е творец, кој уште во почетокот на 60-тите години ќе го сврти вниманието на македонската и тогашната југословенска јавност, одликувајќи се со специфичен, секогаш еволутивен период кон музиката, насочувајќи го својот спектар на сознанија скоро во сите полиња на уметноста и културата. Композиторот, академик Ристо Аврамовски во областа на музичката уметност претставува една несекојдневна творечка личност, чиј огромен опус одамна го надминал нашиот културен простор. Неговото творештво мошне брзо се приклучи кон највисоките современи дострели на европската и светска музичка култура, со мошне препознатлив јазик и стил со изразити емотивни и креативни погледи и трансформации на музиката како најуниверзална уметност. Композиторот Ристо Аврамовски уште кон крајот на шеесетите, почетокот на седумдесетите години со изведбата на творбите "Четири дела", "Психофонија 1 и 2", "Библиофонија", "Канон", "Езеро 1", "Еволуција", и др. ја импесионира тогашната музичка јавност, но и музичката критика, која му предвиде брза и блескава кариера. Тој низ четридецениското создавање преку преку своевидниот голем опус кој ги опфаќа сите жанрови на музиката (соло песната, детска, хорска, камерна, оркестарска, симфониската, вокално - инструменталната, балетската, оперската и филмска музика) ја потврди својата дарба и уметност да се справува и со најголемите форми на музичкото творештво, како што се симфониите, кантатите, ораториумите, балетот и операта. Податокот, дека Аврамовски е автор на осум симфонии, самиот по себе зборува дека тој, сакале ние или не, се вбројува во великаните на светската музичка историја со самата бројка. Таа за наши прилики, и воопшто за културата во Република Македонија има огромно значење. Посебно, кога формално ги презентираме осумте симфонии не може да не се спомене фактот дека тие во себе содржат една невообичаена, просто раскошна музичка експресија, своевидна оркестрација, мелодиска и звучна имагинација со јасни и оргинални трансформации на нашиот фолклор, но и одблесоци од подалечното наше духовно наследство и бит. Значи големите форми за Аврамовски стануваат постојана инспирација. Затоа нема да биде случајно присутен фактот дека овој афтор ни остава неколку кантати ( "Силно светнал ден", "Азбуки 1", "Црвени цветови", како и ораториумите "Кирил и Методиј", "Македонија", "Повесница" и вокално инструменталната драма "Црно писмо" ( Етнографофонија ). Последново дело е особено значајно зошто Аврамовски во него мошне смело ги трансформира многуте обичаи од македонските простори, ( гатањата, верувањето, баењето, коледарските, додолските обичаи, детските игри и др. ) низ фолклорните напеви, и автентичниот инструментариум што претставува оргинален период на македонска Етнографофонија, на звукот, ритамот во музичка смисла. Секако, неможеме а да не споменеме уште неколку музички форми кои се дел од творечкото внимание на овој автор, како што се: Двата концерти за виолина и окестар и двата концерта за пијано и оркестар, симфониската фреска "Хармосин"..., ( и десетици други дела претставени во прилог "Творештво") а исто така двата балета и двете опери. Операта "Болен Дојчин", што беше изведена за отварањето на новиот објект на МНТ во 1983 година, според критиката оценета како "Културен чин и настан", претставува смел творечки потфат кој потоа на Аврамовски му ги отвара портите на тогашната југословенска а подоцна и на европската сцена. Очигледно осумдесетите години за овој автор претставуваат најзначакни за својте истражувања и потврдувањеа на сите полиња на музичкото творештво, но и во пишуваниот збор, потврдувајќи се и на тоа поле како немилосрден бранител на естетските принципи на уметноста и смел гласноговорник за културните и општествени збиднувања и битисувања на нашиот простор. Од деведесетите години па се до денес композиторот Аврамовски стамено и со јасна мисла го гради своето творештво, пишувајќи ги според наша оценка и најзначајните дела. Можеме со сигурност да речеме дека крунско дело на овој доблесен автор и интелектуалец беше операта "Лидија од Македонија" изведена 2005 година за отварањето на "Мајските оперски вечери". Оваа библиска фреска која говори за Лидија македонката, првата христијанка покрстена од Св. Апостол Павле, е создадена со една силна еспресија и емотивна возвишеност. Дејствието се чини како да се движи на филмска лента и отсликува мноштво ликови и драмски заплети вткаени во една чиста и достоинствена на нашите традиции музичка мелодика. Ова, секако претставува вистински творечки дострел, зошто музиката предадена низ огромниот број на солистички имиња, хорските ансамбли, војската, големите "народни" сцени, ја прават оваа опера грандиозна и мошне блиска и за обичните љубители на оперската уметност. Не случајно што целата културана јавност и критика со ласкави зборови и оценки се произнесе за ова оперско дело на композиторот Ристо Аврамовски. Од 2005 година тој е член на Македонската академија на науките и уметностите.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Награди

Аврамовски има добиено 20 награди на стручни конкурси во Македонија и поранешна СФРЈ, како и I награда на ЈРТ, за делото „Црвени цветови“, II награда на ЈРТ, за делото „Канон“ Три први награди за тонски снимки на ЈРТ, во Опатија и Нови Сад, Награда на Републичката заедница за култура на Македонија, Наградата „Панче Пешев“ за операта „Болен Дојчин“, за „Млад борец“ за делото „Четири дела“, „13-ти Ноември“ за делото „Психофонија II“ . Наградата „11-ти Октомври“ за делото „Силно светнал ден“, Награда „4-ти Јули“ на СУБНОР на Југославија за делото „Повесница“, Орден за заслуги на народ со сребрена ѕвезда, Златна значка на Музичка младина на Југославија и Награда 11 Октомври и за животно дело во 1999 г.

Плакети и благодарници
  • Од 13 институции од Македонија и од поранешна Југославија.
Општествени ангажмани
  • Претседател и Секретар на СОКОМ
  • Претседател на Музичка младина на Македонија
  • Претседател на Управниот одбор на СОКОМ-ЗАМП
  • Уредник во списанието за литература, култура и уметност „Современост
  • Претседател на Управниот одбор на ЗАМП - Скопје
  • Претседател на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“
  • Претседател на Управниот одбор на Здружението „Балкански музички форум“-Скопје.
Посебни творечки придонеси
  • Автор на повеќе сценарија за документарни ТВ филмови на МРТ
  • Автор е на две телевизиски сценара за Меѓународниот фестивал „Златна Прага“ - Чешка
  • Автор на над 50 критики објавени во „Вечер“ и „Нова Македонија“
  • Автор на над 20 статии, опсервации и полемики, објавени во весникот „Нова Македонија“ и списанието „Современост
  • Отварање на Фестивалот „Охридско лето“ 1993 година, со делото „Црно писмо“ (Етнографофонија)
  • Велики школски час - Крагуевац, 1977 година, со делото „Повесница“
  • Отворање на новата Оперска зграда со операта „Болен Дојчин“, 1983
  • Средба на децата бегалци од Егејска Македонија, 1978 година со делото „Егзодус“
Изведени дела на позначајни фестивали
  • Југословенска музичка трибина - Опатија
  • Варненско лето - Бугарија
  • Софиски фестивал - Бугарија
  • Златна Прага - Чешка Република
  • Братиславски музички свечености- Словачка
  • БЕМУС - Белград, СЦГ
  • Дубровачки летни игри- Хрватска
  • Охридско лето - Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Старделов, Георги (2004) (на македонски). Музиката на почвата на Македонија од Атанас Бадев до денес. МАНУ. ISBN 9789989101380. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]