Прејди на содржината

Ханс Ем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ханс Ем
Роден 6 јуни 1898
Марибор, Цислајтанија, Австроунгарија
Починал 9 јули 1992
Скопје, Македонија
Националност Австроунгарeц (1898-1918)
Југословен (1918-1941, 1944-1991)
Занимање инженер, професор на шумарски факултет

Ханс Ем (6 јуни 1898 , Марибор - 9 јули 1992 , Скопје), инженер, професор на Шумарскиот факултет во Скопје, најстариот член на МАНУ. Бил учесник во НОБ на македонскиот народ од 1941 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ем дипломирал на Високата школа за култура на земјиштето во Виена во 1923 година. Службувал во шумарските оперативи на подрачја од Србија, Косово, Црна Гора и од Македонија. Во Банската управа и Дирекцијата за шуми во Скопје, тој работел на воведувањето смоларење во боровите шуми во Македонија и на преработка на смолата. Назначен е за прв директор на Шумарскиот институт во Скопје (1944). Бил професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947–1968) и негов декан (1953/54). Член е на Научниот совет за изработка на вегетациска карта на Југославија. Редовен член на МАНУ. Еминентен шумарски стручњак на меѓународен план. Прв научник и проучувач е на дендрофлората и шумските заедници во Македонија. Публикувал „Преглед на дендрофлората на Македонија“ (1967). Изготвил прва скрипта за фитоценологија, го основал и го раководел арборетумот југозападно од Трубарево, еден од најбогатите на просторот во Југославија. Открил нови дрвни и растителни видови за македонската и светската дендрофлора. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.[1]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 528. ISBN 978-608-203-023-4.