Трубарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трубарево
Trubarevo-MKD.jpg

Поглед на дел од селото Трубарево

Трубарево во рамките на Македонија
Трубарево
Местоположба на Трубарево во Македонија
Трубарево на интерактивна карта

Координати 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.96694; 21.53750Координати: 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.96694; 21.53750
Општина Гази Баба
Население 2470 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1000
Шифра на КО 25135
Надм. вис. 224 м
Трубарево на општинската карта
Трубарево во Општина Гази Баба.svg

Атарот на Трубарево во рамките на општината
Commons-logo.svg Трубарево на Ризницата

Трубарево — село во Општина Гази Баба, во непосредна близина на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Трубарево се наоѓа на 21°31'46" источна географска должина и 41°59'0" северна географска ширина. Надморската височина на селото е 240 м. Сместено е во Скопската Котлина. Трубарево е низинско место. Во Трубарево поминува реката Вардар. Трубарево е опкружено со Планината Китка на југ, Скопска Црна Горана север, Водно на југозапад и Шар Планина на запад.Селото се наоѓа на 10 километри источно од центарот на Скопје на регионалниот пат Скопје - Велес. Во близина на селото се наоѓаат населените места Маџари, Гоце Делчев, Јурумлери, Горно Лисиче и Долно Лисиче. Трубарево зафаќа површина од 4,4 км2.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Трубарево е топла сува континентална. Трубарево поради својата местоположба е суво и топло село. Најтопли се летните месеци јуни, јули и август, кога температурата често достигнува до 40 °C а најладните се декември, јануари и февруари кога температурата се спушта до -10 °C. Средните температури во лето се 35 °C а во зима -1 °C. Во лето просечно 17 дена се со 40 °C а во зима 5 дена се со температура од -10 °C и пониска. Планините кои го опкружуваат го задржуваат дождот и затоа Трубарево е многу суво. Годишното количество на дожд изнесува 432 мм. Дождот најчесто паѓа од октомври до декември и од април до јуни. Од јули до септември има многу малку дожд со просечно 4 врнежливи денови. Трубарево е многу сончево, со околу 310 сончеви денови во годината.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.669 жители. Следува табела на националната структура на населението.[2]

Националност Вкупно
Македонци 1 973
Турци 12
Роми 14
Албанци 494
Власи 0
Срби 124
Бошњаци 0
останати 0

Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Трубарево има 2.470 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1.772
Албанци 334
Турци 8
Роми 4
Власи 0
Срби 85
Бошњаци 2
Други 265

Население низ историјата[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 56 410 1.047 1.078 2.669
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]


Родови[уреди | уреди извор]

Според исражувањата од 1953 година, родови во Трубарево се

Македонски

  • Доселеници: Кацовци (3 к.) по потекло се од Кичевско. Имаат истоимени роднини во селото Мралино. По доселувањето во скопско, нивните предци најпрво се задржале во некои други околни села; Трпковци (2 к.) доселени се однекаде; Кумановци (1 к.) доселени се од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Јурумлери и Мралино; Кукачовци (4 к.) доселени се однекаде; Минчевци (2 к.) доселени се од Идризово; Боцевци (3 к.) доселени се од Горно Лисиче. А таму од Ракотинци; Дандаровци (2 к.) доселени се Горно Лисиче; Симоновски (1 к.) доселени се од селото Сопиште. Таму припаѓале на родот Белевци; Ивановци (1 к.) и Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од селото Говрлево. Таму биле староседелци; Славко (1 к.) Славко дошол како домазет од селото Бродец.

Српски

Албански

  • Доселеници: Фејзовци (6 к.), Еминови (2 к.), Рамаданови (2 к.), Јашарови (1 к.), Риза Кадри (1 к.), Шаќировци (1 к.), Амзови (1 к.), Бислимови (1 к.), Реџепови (1 к.), Меметови (1 к.), Пајазитови (1 к.), Реџепови (2 к.), Риза Реџеп (1 к.), Алија Адем (1 к.), Шаќирови (2 к.), Мурат Зеќир (1 к.) сите се албанизирани Роми, наречени Маљоци. И доселени се од разни места во Косово (околината на Гнилане, Призрен, Урошевац, Качаник).[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Трубарево

Цркви[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Дендропаркарборетум кој постои од 1953 година;
  • Острово — остаток од поранешното острово на Вардар кое во 1976 година било прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;
  • Езерце — од 1994 година прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Традиционално се одржува турнир во кошарка Бапка Ноќе.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 — Книга X
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  8. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]