Томо Босанац
Изглед
| Томо Босанац Tomo Bosanac | ||
| Роден | 15 мај 1918
Бјеловар | |
|---|---|---|
| Починал | 12 август 2003
Загреб | |
| Националност | Хрват | |
| Занимање | стопанственик, универзитетски професор, академик | |
Томо Босанац (Бјеловар, 15 мај 1918 - Загреб, 12 август 2003 ) – електроинженер, доктор на технички науки, редовен професор на Електротехничкиот факултет во Загреб, член на ЈАЗУ (ХАЗУ) и член на МАНУ надвор од работниот состав од 1994 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Босанац е роден во Стари Плавници, населба во Бјеловар, на 15 мај 1918 година. Работејќи во фабриката „Раде Кончар“ (каде што еден период бил и директор) реализирал голем број комплексни проекти меѓу кои и генераторите за ХЦ „Вруток“. Од владата на ФНРЈ во 1949 година ја добил наградата „Никола Тесла“. Бил директор на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ во Загреб. Работел на честотни инвертори и на нивната примена главно за топлински цели.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Јадрена пропулзија“ (со Буљан и Стибиљ),
- „Електромагнетни полиња“
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 196–197. ISBN 978-608-203-023-4.
