Таки Фити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Таки Фити
Таки Фити.jpg
Десетти претседател на МАНУ
На должноста
Стапил
2016
Претходник Владо Камбовски
Наследник во служба
Министер за финансии
На должноста
23 февруари 1996 – 30 ноември 1998
Претходник Јане Миљовски
Наследник Борис Стојменов
Лични податоци
Роден(а) 7 ноември 1950
Крушево, СФРЈ денешна Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа Економски факултет
Професија економист
политичар
академик

Таки Фити (роден на 7 ноември 1950 година во Крушево) — македонски економист и политичар, член и моментен претседател на МАНУ[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Таки Фити е роден во градот Крушево на 7 ноември 1950 година[2]. Фити бил избран за редовен професор на Економскиот Факултет во Скопје во 1993 година. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје, на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: економија (микроекономија и макроекономија), економски раст и развој, претприемништво, земји во транзиција, модерни макроекономски концепции и политики[3].

Таки Фити е автор на повеќе од 230 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство - на македонски, француски, англиски, српскохрватски јазик.[4] Исто така, тој бил на научни и студиски престои во Италија, Германија, Велика Британија, Франција и во други земји.[5] Во 2009 година, Фити бил назначен за визитинг професор на Економскиот факултет во Загреб, Република Хрватска.


Таки Фити во текот на својата кариера извршувал повеќе функции:

Во 2003 година, Фити бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. На 1 јануари 2016 година, Таки Фити бил избран за претседател на МАНУ. Исто така, тој е член на Европскиот совет за култура.

Наводи[уреди | уреди извор]

Претходник
Јане Миљовски
Министер за финансии на Македонија
19961998
Наследник
Борис Стојменов