Златка Поповска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Златка Поповска (Скопје, 1948) е македонски универзитетски професор. Извршувала бројни научни и општествени работи.[1] Во периодот 1997-1998 година била потпретседател на Владата на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Поповска е родена во Скопје во 1948 година. Се вработува на Економскиот факултет каде во 1979 магистрирала на последипломскиот студиум на тема Економски развој и методи на економска анализа. Во 1985, одбранува докторат од областа на технолошката стратегија на Економскиот факултет во Белград. Област на научен интерес: технолошки развој, технолошка и развојна стратегија, системско мислење, управување со системите, информациони системи.

Била Претседател на Општествениот Совет за економски развој при републичкиот извршнен совет, Претседател на Советот за општествениот систем на информирање при републичкото собрание, потпретседател на Владата на Македонија (1997-98) и Национален координатор на странска помош. Била и Претседател на Сојузот на економисти на Македонија од 2000 до 2004 година. Добитник е на награда Гоце Делчев за највисок научен придонес во држвата во 2002 година.

Има висока позиција во Социјалистичката партија на Македонија, каде учествувала во трката за претседател на истата.[2]

Сопруга е на починатиот македонски политичар и правник Киро Поповски.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на повеќе од 130 статии, проекти, студии и книги.

Статии
  • "Управување со знаењето и економскиот раст во Република Македонија", Годишник на Економскиот факултет, Скопје (2008)
  • "Современите развојно технолошки промени и ние", Годишник на Економскиот факултет, Скопје
  • "Новите фактори на развојот и интегрирањето во ЕУ", Билтен на Министерството за финасии (2004)
  • "Националната конкурентност во времето на глобализацијата", Сојуз на економисти (2004)
Книги
  • Управување со системите (2006)
  • Политика на технолошкиот развој (2000)
  • Управување, системи, економија (1995)
  • Технолошки развој на Македонија (1993)
  • Како да се пристапи до европските бази на податоци (коавтор) (1992)
  • Терминолошки речник:економска кибернетика (1989)
  • Технолошка стратегија као део развојне стратегије у самоуправном друштву (1986)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марковски, Градимир. „Жени што исчезнаа од македонската политика“, Вечер, 9 јануари 2008 (посет. 1 ноември 2009 г).
  2. Јованов, Митко (сабота, 18 март 2006). „СПРОТИ КОНГРЕСОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА Ѕинго и Витанов ќе се борат за лидерското место“ (македонски). Дневник. конс. 2009-11-01. 

[[]]