Стево Црвенковски
| Стево Црвенковски | |
|---|---|
| Министер за надворешни работи на Република Македонија | |
| На должноста 9 февруари 1993 – 23 февруари 1996 | |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 18 март 1947 Скопје, НР Македонија ФНРЈ |
| Починал(а) | 3 февруари 2004 (возр. 56) |
| Националност | Македонец |
| Партија | Сојуз на реформски сили на Македонија, Либерална партија |
Стево Црвенковски (18 март 1947 во Скопје - 4 февруари 2004 во Скопје) — македонски режисер, политичар и Министер за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 1996 година.
Црвенковски дипломирал на Академијата за драма, филм, радио и телевизија во Белград во 1973 година. Работел и твори како филмски автор во „Вардар филм“.
Во 1992 година бил избран за потпретседател на Владата на Република Македонија. Најзначајната негова активност во оваа сфера е раководењето со македонската дипломатија, во критичните моменти на меѓународното признавање и афирмацијата на новата македонска држава, меѓу 1993 до 1996 година. По ова работел и како советник на тогашниот претседател Киро Глигоров.
Во 1997 година станал амбасадор на Република Македонија во Лондон.[1]
Филмови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=28748 www.a1.com.mk
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
|
- Родени во 1947 година
- Починати во 2004 година
- Починати во Скопје
- Македонски режисери
- Политичари од Скопје
- Состав на Владата на Република Македонија од 1992
- Министри за надворешни работи на Македонија
- Политичари од СДСМ
- Амбасадори на Македонија во Обединетото Кралство
- Луѓе со потекло од Прилеп
- Вицепремиери на Македонија
