Јане Миљовски
Јане Миљовски | |
---|---|
Министер без ресор | |
На должноста 20 март 1991 – 20 декември 1994 | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Никола Кљусев Бранко Црвенковски |
Министер за финансии | |
На должноста 20 декември 1994 – 23 февруари 1996 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Џевдет Хајредини |
Наследник | Таки Фити |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 мај 1946 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Починал(а) | 2 јули 2016 Скопје, Македонија |
Партија | СДСМ |
Установа | Економски факултет |
Занимање | универзитетски професор |
Македонец |
Јане Кирил Миљовски (роден на 1 мај 1946 година во Скопје - починал на 2 јули 2016 во Скопје[1]) — македонски универзитетски професор, економист и министер во првите влади на Македонија по осамостојувањето.
Животопис
[уреди | уреди извор]Миљовски потекнува од семество на интелектуалци, чиј татко Кирил Миљовски бил еден од најистакнатите македонски интелектуалци пред војната и првиот ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и член на МАНУ уште од 1967 година, додека мајка му Десанка Миљовска била професор по социолиогија на Филозофскиот факултет. Негов дедо бил револуционерот Никола Миљовски.
Јане Миљовски дипломирал, магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје. Својот работен век го започнал во Извршниот совет на СРМ. Потоа се вработил на Правниот факултет во Скопје како асистент по предметот Политичка економија, каде подоцна бил избран за доцент и редовен професор на факултетот, предавајќи по предметот економика.
Освен на Правниот факултет, предавања држел и на Факултетот за новинарство. Од 2007 година бил ректор на New York University во Скопје.[2].
Јане Миљовски бил член на првите Влади на Република Македонија и тоа како министер без ресор од 1991 до 1994 година. Кон крајот на 1980-тите заедно со група млади интелектуалци бил вклучен во демократизацијата на земјата, воведување на парламентарната демократија и либералната пазарна економија. Таа група интелектуалци, заедно со тогашниот врв на Сојузот на комунистите, го започнала процесот на расчистување со Белград. Како Министер за финансии на Република Македонија бил во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година. Додека бил министер за финансии, истовремено ја вршел и должноста потпретседател на Влада задолжен за европска интеграција.
Јане Миљовски бил член на СДСМ, а мал период и нејзин потпретседател.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина професорот Јане Миљовски“ Архивирано на 31 декември 2016 г., „Утрински Весник“, 3.07.2016.
- ↑ „Јане Миљовски нов ректор на Њујорк универзитетот“[мртва врска], „Утрински Весник“, 19.03.2007.
Претходник Џевдет Хајредини |
Министер за финансии 20 декември 1994 - 23 февруари 1996 |
Наследник Таки Фити |
|
|
|
- Родени во 1946 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во 2016 година
- Починати во Скопје
- Македонски економисти
- Македонски универзитетски професори
- Состав на Владата на Република Македонија од 1991
- Состав на Владата на Република Македонија од 1992
- Состав на Владата на Република Македонија од 1994
- Министри за финансии на Република Македонија
- Политичари од СДСМ
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“