Перко Колевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Перко Колевски
Министер за здравство
На должноста
20 март 1991 – 5 септември 1992
Претседател Никола Кљусев
Претходник нема
Наследник Јован Тофоски
Лични податоци
Роден(а) 27 декември 1944
Бунеш, СФРЈ, денес Република Македонија
Националност Македонец

Перко Колевски (роден на 27 декември 1944 во Бунеш, Пробиштипско) — македонски доктор, професор и прв министер за здравство на Република Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Перко Колевски во 1977 година учествувал во првите трансплантации на бубрег во Република Македонија[1]. Во 1987 година бил одликуван со Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда[2].

Колевски е специјалист по трансфузиологија и имунологија и е професор на Скопскиот универзитет. Од 20 март 1991 до 5 септември 1992 бил министер за здравство на Република Македонија.

Колевски е член на Лекарската комора на Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 712
  2. КРВОДАРУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ГОДИНИТЕ НАНАЗАД
Претходник
нема
Министер за здравство на Република Македонија
20 март 19915 септември 1992
Наследник
Јован Тофоски