Влада на Македонија од 1991

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владата на Македонија од 1991 година е прва влада на тогашната Социјалистичка Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Избрана е од Собранието на Република Македонија на 20 март 1991 година. На нејзино чело е избран Никола Кљусев, а таа по својот карактер беше техничка влада.

Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, основна цел на новата влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија и е усвоен Уставот на Република Македонија.

Поради меѓупартиските конфликти, оваа влада не траеше долго. На 17 август 1992 година на оваа влада Македонското собрание ѝ изгласа недоверба.

Состав на владата[уреди | уреди извор]

Составот на Владата од 1991 година е следниот:[1]

На 10 јануари 1992 година е извршена реконструкција на владата при што за министер за внатрешни работи е избран Љубомир Фрчкоски, за министер за одбрана - Трајан Гоцевски, а за министер за образование и физичка култура - Димитар Бајалџиев.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на СРМ, 12/91
  2. Службен весник на РМ, 2/92