Трајан Гоцевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трајан Гоцевски
Министер за одбрана
На должноста
10 јануари 1992 – 4 септември 1992
Претходник Ристо Дамјановски
Наследник Владо Поповски
Лични податоци
Роден(а) Селник, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Вероисповед Православен христијанин

Трајан Гоцевски е роден во село Селник, Делчевско, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Делчево.

На Економскиот факултет во Скопје дипломирал во 1973 година. Постдипломските студии од областа на економијата ги завршува во 1982 година со одбрана на магистерскиот труд со наслов: “Развој на малото стопанство”. Докторатот по економски науки со наслов “Меѓузависноста и влијанието на подготовките за одбрана и стопанскиот развој”, го одбранува во 1987 година.

По дипломирањето се вработува во фабриката “Фротирка” во Делчево, а во 1974 година е избран за претседател на Извршниот совет на Собранието на општина Делчево.

Од 1978 година е советник во Владата на Република Македонија, а од 1981 година е секретар на Републичкиот одбор за сообраќај и врски.

Во 1988 година е избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје за предметите: Политичкиот и економскиот систем и одбраната на Македонија и Економика на одбраната.Во 1995 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 1992 година професорот Гоцевски беше член на Владата на Република на Македонија и прв цивилен министер за одбрана. Тој е творец на цивилниот модел на одбранбениот систем на Република Македонија и архитект на мирното одвојување на Македонија од поранешна Југославија и на создавањето на независна и суверена Македонија.

Професорот Гоцевски претстојувал на универзитетите во Париз, Дижон, Виена, Клагенфурт, Ајндховен, Софија, Истанбул, Гетеборг, Љубљана, Загреб, Белград, Арнхем итн.

Автор е на 40 книги и на преку 160 труда, објавени во македонски и во многубројни странски списанија, на македонски, на англиски, на француски и на албански јазик.

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Тој е член на Советот на центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.