Прејди на содржината

Тито Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тито Петковски
II Претседател на Собранието
На должноста
6 март 1996  19 ноември 1998
Претседател Киро Глигоров
Претходник Стојан Андов
Наследник Саво Климовски
Пратеник во Собрание на Република Македонија
На должноста
1998  2002
Претседател Борис Трајковски
Премиер Љупчо Георгиевски
На должноста
2006  2014
Претседател Бранко Црвенковски
Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Претседател на Нова социјалдемократска партија
На должноста
17 декември 2005  4 јуни 2022
Лични податоци
Роден(а) 23 јануари 1945(1945-01-23)(81 г.)
Псача, ДФ Македонија, ДФЈ
Националност Македонец
Партија Сојуз на комунистите на Македонија
СДСМ
НСДП
Професија Политичар
Вероисповед Православен христијанин

Тито Петковски (роден 23 јануари 1945 во Псача, Кривопаланечко) — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија. Пратеник е во Собранието на Република Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија - Скопје. Бил потпретседател на Македонското собрание во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 6 март 1996 до третите парламентарни избори во 1998 година и претседател на Собранието.

На претседателските избори 1999 година, тој бил кандидат за претседател на СДСМ и го освоил второто место зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.

По долгогодишното членство во СДСМ, на 30 ноември 2005 година, Тито Петковски ја основал Нова социјалдемократска партија (НСДП)[2]. Во април 2022 година, тој изјавил дека се повлекува од претседателската позиција на партијата, односно и од политиката, и немал план да се кандидира за нов претседателски мандат во НСДП.[3]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Стојан Андов
Претседател на Собранието на Македонија
1996–1998
Наследник
Саво Климовски