Прејди на содржината

Насер Зибери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насер Зибери
Министер за труд и социјална политика
На должноста
28 февруари 1996 – 30 ноември 1998
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Илјас Сабриу
Наследник Бедредин Ибраими
Народен правобранител
На должноста
2021 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 1961
Ласкарци, Скопско
Националност Албанец
Партија ПДП

Насер Зибери (роден во 1961 година во Ласкарци, Скопско) — Народен правобранител,[1] македонски правник и политичар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Насер Зибери завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“.[2] Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.

На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.[3]

Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.[4]

На парламентарните избори во 2020 година, политичката партија ДУИ го промовираше Насер Зибери како свој кандидат за премиер.[5]

  1. Насер Зибери избран за нов Народен правобранител
  2. Собрание на Република Македонија
  3. Собрание на Република Македонија
  4. justicia.mk[мртва врска]
  5. „Насер Зибери предлог на ДУИ за премиер Албанец | Телма“. Посетено на 2020-06-30.


Претходник
Илјас Сабриу
Министер за труд и социјална политика
28 февруари 1996 - 30 ноември 1998
Наследник
Бедредин Ибраими