Прејди на содржината

Македонски парламентарни избори (1994)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски парламентарни избори, 1994
Македонија
1990 
16 и 30 октомври 1994  1998

120 мандати во Собранието
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Партија СДСМ (коалиција Сојуз за Македонија) ВМРО-ДПМНЕ ДП
Последни избори 31 мандат 38 мандати -
Освоени места 87 0 0
Промена во местата 56 38 0
Добиени гласови 291.695 (прв круг)
329.700 (втор круг)
141,494 (прв круг)
бојкотиран (втор круг)
108,872 (прв круг)
бојкотиран (втор круг)
Удел 29,5% (прв круг)
53,5% (втор круг)
14.3% (прв круг)
бојкотиран (втор круг)
11% (прв круг)
бојкотиран (втор круг)

  Четврта партија Петта партија
 
Партија ПДП НДМ
Последни избори 17 1
Освоени места 10 4
Промена во местата 7 3
Добиени гласови 87,103 (прв круг)
93,407 (втор круг)
29,361 (прв круг)
25,007 (втор круг)
Удел 8.8% (прв круг)
15.2% (втор круг)
3.0% (прв круг)
4.1% (втор круг)


Премиер пред изборите

Никола Кљусев
експертска влада

Избран за Премиер

Бранко Црвенковски
СДСМ

Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври 1994 година. Победа извојува коалицијата Сојуз за Македонија предводена од СДСМ. Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес.

Исто како и на парламентарните избори во 1990 година мандатите се распределуваа според мнозинскиот изборен систем. Гласачкиот одзив при првиот круг беше 77,7%, а при вториот – 57,5%.[1] На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати.

Според резултатите од првиот круг коалицијата Сојуз за Македонија во која учествуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либералната партија и Социјалистичката партија на Македонија имаше значителна предност пред водечките опозициски партии ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија. Сојузот за Македонија освои 32,6% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ – 14,3%, а Демократската партија – 11,0%.

Опозициските партии веднаш изразија сомнение во регуларноста на првиот круг и решија да го бојкотираат вториот круг. Поради овој бојкот, кандидатите на Сојузот за Македонија во вториот круг успеаја во голем број да бидат избрани за пратеници.

Резултати

[уреди | уреди извор]
Партија Прв круг Втор круг Број на мандати +/–
Број на гласови % Број на гласови %
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ291,69529.5329,70053.587
ВМРО-ДПМНЕ141,49414.30–38
Демократска партија108,87211.00нова
Партија за демократски просперитет во Македонија87,1038.893,40715.210–7
Народна демократска партија29,3613.025,0074.14+3
Демократска партија на Македонија20,2432.13,9910,41нова
Либерална партија на Македонија15,0861.521,3623.55
Работничка партија15,4161.60
Демократска партија на Турците на Македонија14,4231.56,4340.70
Социјалдемократска партија на Македонија12,0551.22,2540.41+1
Движење за семакедонска акција (МААК)11,4791.22.0130,20
ВМРО-Демократска партија9,7421.04580.00
Сојуз на комунистите на Македонија7,6100.80
ВМРО-Македонски национален демократски сојуз7,1670.71.1910.10
Партија за демократска акција - Исламски пат6,9120.72.1550.20
Социјалистичка партија на Македонија6,6120.75,6320.91
Партија за целосна еманципација на Ромите6,5300.74,4470.710
Работничка партија на Македонија5,4350.60
Демократска партија на Србите во Македонија5,2900,54,0030.40
Комунистичка партија на Македонија5,1610.50
ВМРО-Татковинска партија5,1330.50
Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија5,0890.56810.10
Социјалдемократски сојуз на Македонија4,1820.44,6350.81
Демохристијанска партија4,0190.40
Социјалдемократски сојуз на Македонија
Либерална партија на Македонија
3,9450.45,6740.91
Демократска партија на Турците на Македонија
Партија за демократска акција - Исламски пат
3,4670.44,6810.81нова
Други партии19,1091.967,4871.00
Независни кандидати136,51113.895,41815.57+4
Неважечки ливчиња54,33026,5803.8
Вкупно1,043,453100707,2101001200
Број на гласачи запишани на избирачи список[2]1,487,36770.21,293,33054.7
Извор: Nohlen & Stöver; Blagoja Nineski (2001) "Izborite, mediumite i partiite vo Makedonija 1990-2000", p. 190-191
  1. Државна изборна комисија „Извештај за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија“, 1994, 5 и 9 стр. Архивирано на 18 мај 2020 г., Службен весник на РМ, бр. 60/1994, 3-13 стр.
  2. Додатни 126.638 гласачи од првиот круг и 70.431 од вториот круг, кои не биле регистрирани, но гласале со лична карта

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]