Народна демократска партија
Народна демократска партија | |
|---|---|
| Водач | Илијаз Халими |
| Генерален секретар | Ибрахими Бедредин |
| Основана | 1 август 1990 |
| Штаб | Тетово |
| Идеологија | Заштита на правата на Албанците |
| Бои | црвена, црна |
Народна демократска партија (НДП; албански: Partia Demokratike Popullore, PDP) — поранешна македонска политичка партија на етничките Албанци со седиште во Тетово.
Историја
[уреди | уреди извор]Основачкото собрание на партијата се случило во јули 1990, а партијата била регистрирана на 1 август истата година. За претседател на партијата бил избран Илијаз Халими, а за генерален секретар бил назначен Ибрахим Бедредин. Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1990 година, додека Македонија сè уште била дел од Југославија. Самостојно, партијата освоила 0,4% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 0,5% од вкупниот број на гласови во вториот круг, освојувајќи едно пратеничко место во Собранието.[1] Во некои подрачја партијата настапила во коалиција со ПДП, освојувајќи пет пратенички места.
На парламентарните избори во 1994 година партијата го зголемила бројот на гласови на 3% од вкупниот број на гласови, освојувајќи четири пратенички места.[1] Во 1997 НДП се споила со Партијата за демократски просперитет, со тоа формирајќи ја ДПА[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1282 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Democratic Party of Albanians, DPA Balkan Insight