Демократска партија на Албанците

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Демократска партија на Албанците
(ДПА)
Partia Demokratike Shqiptare
(PDSH)
Водач Мендух Тачи
Основач Арбен Џафери
Основана 1997
Штаб Тетово
Идеологија Заштита на правата на Албанците
Бои црвена, црна
Собрание
2 / 120
Општини
1 / 80
Мрежно место
gurra-pdsh.org/
Политика на Република Македонија
Партии
Избори

Демократската партија на Албанците (ДПА) е политичка партија на етничките Албанци во Македонија[1]. Основана е на 4 јули 1997 во Тетово со обединувањето на Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА) и Народната демократска партија (НДП). ПДПА е основана во 1994 откако порадикалните членови на Партијата за демократски просперитет (ПДП), на чело со Арбен Џафери и Мендух Тачи, се отцепија од матичната партија, додека НДП е основана во август 1990 како порадикален конкурент на ПДП. Партијата е регистрирана по пет години од своето основање, во 2002 година.[2] Прв лидер на ДПА бил Арбен Џафери, кого на 30 јуни 2007 година го замени Мендух Тачи.[3]

Изборни резултати[уреди | уреди извор]

Седиштето на ДПА во Тетово

Парламентарни избори[уреди | уреди извор]

На изборите во 1998 година, ДПА освои 11 мандати. По изборите влезе во коалиционата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и учествуваше во владата до 2002 година. На парламентарните избори во 2002 година ДПА освои 5,2% од гласовите и 7 мандати во Собранието и премина во опозиција. На парламентарните избори во 2006 година ДПА освојува 7,5% од гласовите и 11 мандати и повторно влегува во владата. На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ДПА повторно добива 11 мандати, а на предвремените парламентарни избори во 2011 година - 8 пратеници. По предвремените парламентарни избори во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ го прекинува традиционалното партнерство со ДПА и формира коалиција со најголемата албанска партија во парламентот ДУИ. Оттогаш ДПА е во опозиција.

Претседателски избори[уреди | уреди извор]

ДПА имала свои кандидати на четири претседателски избори и тоа во 1999, 2004, 2009 и 2014. Ниеден кандидат од оваа партија не успеал да освои мнозинство во првиот круг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Blagoja Nineski (2001). Izborite mediumite i partiite vo Makedonija: 1990-2000. NIP "Studentski zbor“. 
  2. „Џафери ја регистрираше ДПА без промени во статутот“, „Дневник“
  3. „Мендух Тачи – нов лидер на ДПА“, „Макфакс“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]