Демократска партија на Турците на Македонија
Демократска партија на Турците на Македонија Makedonya Türk Demokratik Partisi | |
|---|---|
| Основана | 1992 |
| Штаб | Скопје |
| Идеологија | Заштита на правата на Турците |
| Полит. положба | Центризам |
| Меѓународна припадност | нема |
| Европска припадност | нема |
| Бои | црвена, бела (боите на знамето на Турција) |
| Собрание | 1 / 120 |
| Општини | 1 / 80 |
| Мрежно место | |
| http://www.tdp.org.mk/ | |
| Знаме | |
![]() | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Демократска партија на Турците (турски: Türk Demokratik Partisi) — политичка партија, претставник на етничките Турци во Република Македонија. Претседател на партијата е Зулфикар Зејнула, додека Бејџан Илијас е пратеник во Собранието на Република Македонија како дел од коалицијата на Европски фронт.[1]
На парламентарните избори во 1994 година каде што освојува 14.423 гласови (1.5%) во првијот, односно 6.343 (0.7%) гласови во вториот круг но не освои пратеничко место.
парламентарните избори во 1998 година партијата освои 3.933 или 0.35% гласови, но не освои пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2002 година партијата се приклучи во коалицијата предводена од СДСМ и освои 2 пратенички мандата.
И на парламентарните избори во 2006 година со коалиција предводена од СДСМ и освоји 2 пратенички мандата.
На парламентарните избори во 2008 година се приклучи во коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и освои 1 пратенички мандат. и 2011, 2014, 2016 по 1 пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2020 година партијата се приклучи во коалицијата на СДСМ и освои 1 пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2024 година партијата се приклучи во коалицијата на Европски-Фронт, предводена од ДУИ и освои 1 пратенички мандат
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална мрежно место на ДПТМ (турски)
- Официјална страница на Младинскиот Форум на ДПТМ Архивирано на 25 октомври 2018 г. (турски) (македонски)
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
