Родина Македонија
Родина Македонија | |
---|---|
![]() | |
Основана | 30 март 2020[1] |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Младина | Родина млади |
Идеологија | Македонски национализам Конзервативизам Антикомунизам Антифашизам Анти-НАТО Евроскептицизам Панславизам |
Бои | црвена жолта |
Собрание | 0 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
www.rodina.org.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Родина Македонија (скратено РОДИНА) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е формирана на 30 март 2020 година во Скопје. Претседавач на претседателството е Томче Ширков.
Создавање
[уреди | уреди извор]Родина Македонија била создадена како реакција и алтернатива на политиките на двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Партијата смета дека Македонија оди во погрешна насока уште од самото осамостојување, и исто така нуди алтернатива во БРИКС и ЕАЕС, а против НАТО и Европската Унија.
Родина млади
[уреди | уреди извор]Родина малди е младински огранок на Родина Македонија, а е формиран во 2023 година. Целите на подмладокот на Родина е промовирање на патриотизмот кај младите Македонци и развивање на чувството на солидарност од еден Македонец кон друг. Покрај тоа, Родина млади ја промовира идејата за новиот мултиполарен свет кај младите и ги едуцира за положбата и значењето на Македонија во истиот.
Локални избори 2021 година
[уреди | уреди извор]Родина Македонија учествувала на Локалните избори 2021 година со свои кандидати за градоначалник на Град Скопје, Општина Центар и Општина Берово и со свои советнички листи за Град Скопје и во општините: Аеродром, Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Бутел, Конче и Македонски Брод.