Граѓанска опција за Македонија
Граѓанска опција за Македонија | |
|---|---|
| Водач | Стевчо Јакимовски[1] |
| Генерален секретар | Крсте Петревски |
| Основана | 2013 |
| Штаб | ул. Прашка бр. 21 влез 1, локал 2 и 3, Скопје, Република Македонија |
| Идеологија | Центар |
| Бои | бела, црвена, сива |
| Собрание | 0 / 120 |
| Општини | 0 / 80 |
| Мрежно место | |
| www.grom.mk | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ — политичка партија од Република Македонија. Претседател на партијата е Стевчо Јакимовски.
Учество на избори
[уреди | уреди извор]Партијата на претседателските избори во 2014 имала свој кандидат за претседател, Зоран Поповски, кој освоил 31.368 гласови или 3,61% од вкупниот број гласови. На парламентарните избори во 2014 година, партијата учествувала самостојно и освоила едно пратеничко место.
На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освои две пратенички места.
На парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и освои 1 пратенички мандат.
На претседателските избори во 2024 година, учествувала со свој кандидат Стевчо Јакимовски, кој освоиле 8.121 гласа, односно 0.91% од гласовите, во коалиција со Интегра и ПЦЕР.
На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција "Храбро за Македонија" со Интегра и ПЦЕР, на кој освоиле 4522 гласови, односно 0.46% од гласовите и не освоиле пратенички мандат.