Демократска обнова на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Демократска обнова на Македонија
Водач Маја Морачанин
Основана 2006
Штаб Скопје
Идеологија зелена идеологија
Политичка положба лев центар
Меѓународна припадност Глобални зелени
Европска припадност Европска зелена партија (набљудувач)
Бои зелена, жолта, црвена
Мрежно место
http://www.dom.org.mk
Знаме
Dom zname.jpg
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година[1], а своето основачко собрание го одржа во Скопје на 28 јануари 2006 година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана Лилјана Поповска, која, по своето повлекување од Либерално демократската партија, беше главниот иницијатор на ДОМ. ДОМ по само неколку месеци од своето формирање учествуваше на Парламентарните избори во 2006 и на нив успеа да добие едно парламентарно место, пратеник стана претседателката на ДОМ Лилјана Поповска. На овие парламентарни избори ДОМ освои околу 20 000 гласови на национално ниво. ДОМ како парламентарна партија влезе во владината коалиција, која ја предводеше ВМРО ДПМНЕ, со заменик министер за животна средина и просторно планирање. Во периодот помеѓу 2006 и 2008, ДОМ имаше нагласена активност во промоцијата на туризмот,културата, науката,образованието итн. Од програмските определби на ДОМ: одржлив економски развој, заштита на животната средина, заштита на културниот и националниот идентитет и почитувањето на истиот на другите еднички групи, силна меѓународна соработка и политика на ненасилство и толеранција, јасно произлезе дека по својата суштина ДОМ е партија на Зелените. Тоа официјално било прогласено со Зелениот манифест на ДОМ од 2008. ДОМ силно се залага за правата на жената, обновливи извори на енергија, туризам, наука, заштина на животна средина, еко-земјоделство, демократија, почитување на човековите права, зелени работни места. еднакви можности за сите, против дискиминацијата во општеството итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]