Српска напредна странка во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српска напредна странка во Македонија
ВодачДрагиша Милетиќ
Основана2009
ШтабСкопје
Идеологијадесен центар
Боисина, бела, црвена
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Српска напредна странка во Македонија (СНСМ; српски: Српска напредна странка у Македонији) — политичка партија која е регистрирана и делува во рамките на политичките процеси во Република Македонија.

Целна ориентација[уреди | уреди извор]

Целите на партијата се заштита и унапредување на политичките, културните, социјалните и економски права на Србите во Република Македонија со легитимно делување во тековниот, со Уставот и соодветните закони и други легални акти, одреден политички амбиент.

Политички настап[уреди | уреди извор]

Континуитетот на Српската напредна странка во Македонија се следи од 15-08-2009 година до денес. На локалните избори во 2009 година партијата се здобива со места во локалната самоуправа во Кумановско, каде партијата овозможи и српскиот јазик да биде во официјална употреба во 2010 и Скопска Црна Гора[1], додека на вонредните парламентарни избори во 2011 година, нејзиниот тогашен претседател Драгиша Милетиќ добива пратенички мандат во коалиција предводена од СДСМ.[2]

Партиски конгрес 2014 година[уреди | уреди извор]

На првиот конгрес на СНСМ во Куманово, одржан на 9. Март 2014, во присуство на овластени делегати, за претседател на СНСМ е избран Ване Величковиќ и е легитимирана новата партиска хиерархија - за заменик-претседател е избран Ќира Пирковиќ и за генерален секретар Игор Димитријевиќ. Драгиша Милетиќ не го признава кумановскиот конгрес и на собир на месниот одбор во с. Бањани присутните приврзаници го реизбираат за претседател.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „И српскиот јазик во службена употреба“. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2014-04-19.
  2. Биографија на Драгиша Милетиќ од мрежното место на Собранието на РМ пред самораспуштањето 2014
  3. ПРЕВИРАЊАТА ВО СНС - ВЕЛИЧКОВИЌ ГО ИМА ЧЛЕНСТВОТО, МИЛЕТИЌ ПЕЧАТОТ? Телма тв, 10.03.2014

Поврзано[уреди | уреди извор]