Прејди на содржината

Список на политички партии во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во Република Македонија постојат голем број на политички партии кои учествуваат во политичкиот живот на државно и локално ниво. Со воведувањето на повеќепартискиот систем во СР Македонија во 1990, престанува политичкиот монопол на Сојузот на комунистите на Македонија (Комунистичка партија на Македонија до 1952) и во државата нагло се појавуваат голем број на партии. Таа година се регистрирани 24 политички партии. На првите парламентарни избори истата година учествуваат уште три политички субјекти и четири политички партии. Наредната година се регистрираат 14 политички партии, а во 1992 година уште 18, 10 партии во 1993 година, седум во 1994, четири во 1995, три во 1996 и две партии во 1997 година. Во пресрет на парламентарните избори во 1998 година се регистрирани нови седум партии. Најсиромашна е 1999 година - регистриран е само еден политички субјект. Затоа, пак, наредната година се појавуваат 10 нови партии.[1]

Според податоците од Основниот суд Скопје 2, каде што се води регистарот на партии, до декември 2009 година во Македонија се регистрирани 99 партии. Тоа, е всушност намалување од претходниот број од 150 партии во 2005. Од тие 99 партии, само 45 биле усогласени со новиот закон за политички партии според кој на секои две години доставуваат податоци за бројот на членови. Овој начин на пререгистрација се бара за да се спречи појавата партии да се формираат пред избори за лични интереси, а потоа да исчезнуваат.[1]

Најголем број од овие партии се мали и имаат незначително влијание на политичката сцена, а некои се комплетно неактивни. Малите партии ретко се решаваат за самостоен настап на изборите и најчесто стануваат долгорочни коалициони партнери со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок, или ДУИ и ДПА во албанскиот блок.

Парламентарни партии

[уреди | уреди извор]

Ова е список на партиите кои имаат освоено мандати на парламентарните избори во 2016, по број на мандати:[2]

ИмеКоалицијаСкр.ВодачМандати
Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоски42
Социјалдемократски сојуз на Македонија СДСМЗоран Заев35
Демократска унија за интеграција
Bashkimi Demokratik për Integrim
самостојноДУИ / BDIАли Ахмети10
Движење Беса
Lëvizja Besa
самостојноБеса / BesaБилал Касами5
Социјалистичка партија на Македонија ВМРО-ДПМНЕСПМЉубисав Иванов - Ѕинго3
Граѓанска опција за Македонија ВМРО-ДПМНЕГРОМСтевче Јакимовски2
Демократска партија на Албанците самостојноДПАМендух Тачи2
Либерално-демократска партија СДСМЛДПГоран Милевски2
Нова социјалдемократска партија СДСМНСДПТито Петковски 2
Единство
Uniteti
Алијанса за Албанците/Г’зим Острени1
Движење за реформи - Демократска партија на Албанците
Lëvizja për Reforma - Partia Demokratike Shqiptare
Алијанса за АлбанцитеДР-ДПА/LP-PDSHЗијадин Села1
Национална демократска преродба
Rilindja Demokratike Kombëtare
Алијанса за АлбанцитеНДП/RDKВесел Мемеди1
Демократска партија на Турците на Македонија
Makedonya Türk Demokratik Partisi
СДСМДПТ / TDPКенан Хасипи1
Сојуз на Ромите од Македонија СДСМСРМАмди Бајрам1
Здружение за културно обединување на Бошњаците ВМРО-ДПМНЕАВАЗЗеќир Рамчиловиќ 1
Демократска партија на Србите во Македонија
Демократска партија Срба у Македонији
ВМРО-ДПМНЕДПСМИван Стоилковиќ1
Демократска обнова на Македонија СДСМДОМЛилјана Поповска1
Партија за европска иднина СДСМПЕИФијат Цаноски1
Партија за движење на Турците во Македонија

Makedonya Türk Hareket Partisi

СДСМПДТАднан Кахил 1
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија СДСМПОПГМИлија Николовски 1
Независни пратеници 6

Активни партии

[уреди | уреди извор]

Во продолжение следи азбучен список на партиите кои не освоиле мандати во Собранието, а кои учествувале на парламентарните избори во 2008, самостојно или како дел од коалиција[3], како и на локалните и претседателските избори во 2009:

Членови на некои овие партии се дел од општинските совети, или пак се носители на јавни функции. Ова особено важи за помалите партии од коалицијата За подобра Македонија.

Неактивни и поранешни партии

[уреди | уреди извор]

Следува азбучен список на партии кои учествувале на парламентарните избори од осамостојувањето до 2008. Овие партии не се активни на изборите, голем дел од нив се згаснати, а дел од нив се припоени кон други партии.[5][6][6][7][8][9]

  • Балканска федерација - Балкан без граници - партија регистрирана на 5 декември 1990
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Вистинска македонска реформска опција (ВМРО-ВМРО; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Гоце Делчев - Радикална демократска партија (ВМРО-ГД-РДП; 1994 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Движење за обнова на Македонија (ВМРО-ДОМ; 1998 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија (ВМРО-ДП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ТМОРО-ВЕП)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Обединета (ВМРО-Обединета; 1994, 2002 - самостојно)
  • ВМРО-Илинден слободни демократи - партија отцепена од ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот од 90-тите
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонска (водач Борис Стојменов)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонски национален демократски сојуз (ВМРО-МНДС; 1994 - самостојно)
  • Внатрешна македонска револуционерна организација - Татковинска (ВМРО-Татковинска; 1994 - самостојно)
  • Граѓанско-либерална партија на Македонија (ГЛПМ; 1994, 1998 - самостојно)
  • Движење за семакедонска акција - МААК (МААК, 1990, 1994 - самостојно)
  • Демократска алеанца на Албанците (ДААМ; 2006 - во коалиција со НДС)
  • Демократска алтернатива (ДА; 1998 - во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска десница (ДД; 2011-2012)
  • Демократска партија (ДП; 1994 - самостојно, бојкот на вториот круг)
  • Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците (ДППЕСМ; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Демократска партија на Македонија (ДПМ; 1998 - во коалиција со ЛДП, како и со МААК-КП и МА, 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска партија Напред Македонијо - Форца (ФОРЦА; 2002, 2006 - самостојно)
  • Демократска прогресивна партија на Ромите во Македонија (ДППРМ; 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со повеќе партии од националностите)
  • Демократско-републиканска унија на Македонија (ДРУМ; 2006 - самостојно)
  • Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Демократски сојуз на просветните работници и граѓани на Македонија (ДСПРГМ; 1994 - самостојно)
  • Демократски сојуз на Србите во Македонија (ДССМ; 2002 - самостојно и дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
  • Демократски сојуз на Турците во Македонија (ДСТМ; 1990 - самостојно)
  • Демократски центар (ДЦ; 2002 - во коалиција со ПЗ)
  • Демохристијанска партија на Македонија (ДХПМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Европска партија на Македонија (ЕПМ; 2006 - дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ)
  • Земјоделска народна партија на Македонија (ЗНПМ; 2006 - самостојно)
  • Комунистичка партија на Македонија (КПМ; 1994, 1998, 2002, 2006 - самостојно)
  • Леви сили на Македонија (ЛСМ; 2006 - самостојно)
  • Либерална партија (водач: Ивон Величковски)
  • Лига за демократија (ЛД; 1990 - самостојно, 1998 - во коалиција со ДА и ВМРО-ДПМНЕ, 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија, 2006 - самостојно)
  • МААК - Единствена македонска опција (МААК-ЕМО; 2002 - самостојно)
  • МААК - Конзервативна партија (МААК-КП; 1998 - во коалиција со МА и ДП)
  • Македонска алијанса (МА; 1998 - во коалиција со МААК-КП и ДП, 2002 - во коалиција со МНП)
  • Македонска народна партија (МНП; 2002 - во коалиција со МА)
  • Македонска христијанска партија (МХП; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
  • Македонска партија (МП; 2006 - самостојно)
  • Македонска партија за мир и независност
  • Македонски национален фронт (МНФ; 1994 - самостојно)
  • Македонско народно движење
  • Млада демократско-прогресивна странка (МДПС; 1990 - во коалиција со СРСМ, како и СПМ)
  • Млади европски федералисти - МЕФМ, движење формирано од Нано Ружин и др. на 23 декември 1991, денес НВО
  • Многунационална народна партија на Македонија (МННПМ; 1994 - самостојно)
  • Народна волја (НВ; 2002 - самостојно)
  • Национална алтернатива (2006 - самостојно)
  • Народна демократска партија (НДП, 1990 - во коалиција со ПДП, 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со ПДПА, 2002, 2006 - самостојно)
  • Народна партија на Македонија (НПМ; 1990 - самостојно)
  • Нова демократија (НД; 2002 - самостојно) да не се меша со Нова демократија
  • Нова социјал-демократска Партија (1994 - во коалиција со ДП) да не се меша со современата НСДП
  • Нови демократски сили (НДС; 2006 - во коалиција со ДААМ)
  • Ново комунистичко движење на Македонија (НКДМ; 1994 - самостојно)
  • Обединета партија на Ромите од Македонија (ОПРМ; 2002 - дел од За Македонија заедно)
  • Обединети Македонци (2006 - самостојно)
  • Партија за демократска акција - Вистински пат (ПДА - ВП; 1998 - самостојно)
  • Партија за демократска акција - Исламски пат (ПДА - ИП; 1994 - во коалиција со ДПТ)
  • Партија за демократска иднина (ПДИ; 2006 - самостојно)
  • Партија за демократски просперитет (ПДП; Partia e prosperiteti demokratike, PPD; самостојно)
  • Партија за демократски просперитет на Албанците (ПДПА; 1998 - коалиција со НДП, денешна ДПА)
  • Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија (ПДДЕ; 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
  • Партија за директна акција
  • Партија за единство на Ромите во Македонија (ПЕР; 2002 - самостојно)
  • Партија за економска обнова (ПЕО; 2006 - самостојно)
  • Партија за напредок (марксисти) (1991-1995)
  • Партија за социјална правда на Македонија (ПСПМ; 1994 - самостојно)
  • Партија на правдата (ПП; дел од За подобра Македонија)
  • Политичка партија на невработените на Македонија (ППНМ; 1994 - самостојно)
  • Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ; 2002 - самостојно)
  • Прогресивна партија (2002 - самостојно)
  • Работничка партија (РП; 1994, 1998 - самостојно)
  • Работничка партија на Македонија (1990, 1994 - самостојно)
  • Републиканска партија на Македонија (1994, 2002 - самостојно)
  • Републиканска партија на народно единство (РПНЕ; 1998 - самостојно)
  • Семакедонска работничка партија на Македонија (СРПМ; 2002 - самостојно)
  • Сојуз на комунисти на Македонија (СКМ; 1994, 1998 - самостојно)
  • Сојуз на комунисти на Македонија - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП; 1990 - самостојно, денешен СДСМ)
  • Сојуз на пензионерите на општина Битола (СПОБ; 1990 - самостојно)
  • Сојуз на реформски сили на Македонија (СРСМ; 1990, самостојно и во коалиција со МДСМ, како и СПМ)
  • Социјалистичка христијанска партија на Македонија (СХПМ; 1998 - самостојно, 2002, 2006 - дел од За Македонија заедно)
  • Партија на Југословените во Република Македонија (СЈРМ; 1990, 1994 - самостојно)
  • Форум за човекови права - партија формирана од Томислав Чокревски, регистрирана во 90-тите
  • Центар на демократски сили (ЦДС; 2006 - самостојно)
  • Албански сојуз - партија формирана во 2010, за веќе на почетокот на 2011 да се спои со ДПА.
  1. 1 2 „Да се биде водач, па макар и во маало“. Посетено на 2010-10-27.[мртва врска]
  2. „Собрание на Република Македонија - Сегашен состав“. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 2017-064-21. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Партии и коалиции - Избори 2008“. Посетено на 2010-10-26.
  4. ЕКСКЛУЗИВНО: ФРОДЕМ на Јове Кекеновски - Нова политичка опција во Македонија![мртва врска]
  5. Избори ’90: Конечни резултати од изборите за пратеници во собранието на СР Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1990.
  6. 1 2 Парламентарни избори ’98: Конечни резултати од „Парламентарните избори ’98. Скопје: Државна изборна комисија. 1999.
  7. Избори 1994: Конечни резултати од изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1994.
  8. „Список на пријавени кандидати - 2002“. Посетено на 2010-10-28.
  9. „Конечни збирни резултати од гласањето - 2006“ (PDF). Посетено на 2010-10-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]